Контакт

Свет

Лажен антивирус со името на Мајкрософт

Објавено пред

Мајкрософт ги предупредува корисниците да бидат внимателни, бидејќи постои вирус „Тројанец“ кој има слично име со легитимниот антивирус на Мајкрософт.

Мајкрософт ги предупредува корисниците да бидат внимателни, бидејќи постои вирус „Тројанец“ кој има слично име со легитимниот антивирус на Мајкрософт.

Иако наликува на вистинската антивирусна програма, станува збор за вирус кој може да се препознае ако добро се внимава. Името на легитимниот антивирусен програм гласи „Microsoft Security Essentials“, а лажниот се разликува само во една буква, наместо „Security“, пишува „Secirity“.

Проблемот се состои во тоа што кога корисниците ќе го видат почетниот збор „Microsoft“ не обрнуваат внимание и веднаш започнуваат со вчитување на програмата незнаејќи дека е вирус.

Овој „Тројанец“ инсталира лажна компонента на антивирус, ги загрозува податоците на корисниците, а може да доведе и до уништување на одредени програми.

Сепак, од Мајкрософт тврдат дека овој вирус лесно се отстранува ако навреме се открие./крај/ин

Регион

Во Словенија најмногу починати од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Во Словенија се потврдени 1.302 случаи на нова инфекција со коронавирус, а 59 пациенти починале, што e најмногу досега.

Според последните податоци, епидемијата во Словенија сè уште не се смирува, бидејќи вчера неофицијално беа потврдени 1.302 случаи на инфекција со коронавирус, со извршени 5.596 тестови.

Процентот на позитивни резултати е 23,27 отсто.

Во моментов има 20.337 активни случаи на инфекција во земјата.

Во словенечките ковид-болници има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Русија дури 491 починат во еден ден

Објавено пред

Во последните 24 часа од коронавирус во Русија починале 491 лице, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата.

Претходниот ден биле забележани 361 смртен случај.

Од последниот пресек, потврдени се 24.326 новоинфицирани лица, пренесува ТАСС.

Од почетокот на епидемијата во Русија се регистрирани 2.138.828 случаи на коронавирус, а починале 37.031 лице.

Кризниот штаб уште еднаш предупреди дека во случај на какви било симптоми на респираторни заболувања треба да се остане дома, да се повика лекар и да не се земаат лекови самостојно.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Бугарија речиси половина од тестираните позитивни на коронавирус

Објавено пред

Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.146 нови случаи, а починале 189 лица, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Како што се наведува, од последниот пресек се тестирани 7.224 примероци, што значи дека процентот на позитивни е 43,43 проценти.

Во моментов во Бугарија има 83.671 активни случаи.

Хоспитализирани се 6.270 лица, од кои 399 се на интензивна нега, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се заразени 124.966 лица, од кои 3.069 починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

„Медиапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот сајт „Медиапул“ објави прашања до бугарската влада кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија40 минути

Веридба со 30 и свадба со 90 гости – парични казни за скопјани поради организирање на собири

Скопското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект, поради организирање на масовни собири...

Македонија1 час

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60...

Свет2 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија2 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет3 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет16 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет17 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија18 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија21 час

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион22 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа22 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија23 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион23 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија24 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет1 ден

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Досие