Свет
Израел размислува да изгради нуклеарна централа
Израел размислува да во текот на оваа недела да ги претстави своите планови за производство за електрична енергија во нуклеарна електрана, пренесе Хина.
Израел размислува да во текот на оваа недела да ги претстави своите планови за производство за електрична енергија во нуклеарна електрана, пренесе Хина.
Министерот за инфраструктура Узи Ландау утре на конференција за енергетика во Париз ќе разговара за можноста да изгради нуклеарна електрана, јавува министерството во своето соопштение.
Израел веќе има два нуклеарни реактори на југот од земјата под името Димона и уште еден во близина на Тел Авив кој е отворен за меѓународна инспекција.
Во соопштението на министерството исто така стои дека Ландау веќе разговарал со францускиот министер за енергетика Жан Луис Борлом за можната соработка во изградбата на нуклеарната централа а исто така во соработка со соседот на Израел, кралството Јордан.
Проектот би бил под надзор на француската влада и би и користел за развивање на нејзината технологија.
Франција и помогна на Израел во педесеттите години од 20 век да ја изгради нуклеарната централа Димона./крај/хина/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка, испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала нивната ќерка.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ниту во кола, ниту ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога се ќе заврши, ќе кажеме се“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.