Свет
Данска ја разгледува можноста за хомосексуални венчавки во црква
Данската министерка за црквени работи Бирте Рон Хорнбех ја разгледува можноста да одобри склопување на хомосексуални партнерства и во црквите.
Данската министерка за црквени работи Бирте Рон Хорнбех ја разгледува можноста да одобри склопување на хомосексуални партнерства и во црквите.Во Данска со закон е овозможено партнерите од истиот пол официјално да го регистрираат своето партнерство во општина, но таквиот чин формално не се нарекува брак.„Не станува збор за брак. Во церемонијата на венчавање пишува дека сме создадени како мажи и жени, како што и впрочем сме,“ изјавила Хорнберн за данската државна телевизија DR.Таа најави дека ќе го разгледа прашањето со луѓе кои се на клучните позиции во данската народна црква, пред да донесе клучна одлука.Дискусијата започна откако црковната заедница при црквата Хилтербјерг кај Копенхаген испратила писмо до министерката и побарала да и се дозволи да венчава истополови парови. /крај/бе/бл/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

