Свет
“Џихад Џејн“ обвинета за тероризам
Колен ла Роуз (47) од Пенсилванија е обвинета за заговор за материјална потпора на терористите и убиства во странска држава.
Колен ла Роуз (47) од Пенсилванија е обвинета за заговор за материјална потпора на терористите и убиства во странска држава.
Жената позната како “Џихад Џејн“ или “Фатима ла Роуз“ е обвинета и за давање лажни изјави на државни службеници и обид за кражба на идентитет.
Уапсена е во Пенсилванија во октомври минатата година, а според обвинението, Ла Роуз, регрутирала мажи на интернет да водат насилен џихад во Јужна Азија и Европа.
Преку интернет комуницирала и со жени кои имале пасоши и можност за патување во Европа поради потпора на светата војна.
Заговорот почнал во 2008 година кога Ла Роуз ставила коментар на „Ју тјуб“ под корисничкото име “Џихад Џејн“, дека сака да направи нешто и да им помогне на муслиманите.
Таа според обвинението цела година одржувала електронска комуникација со петмина соучесници на заговорот за нивната заедничка намера да водат џихад и да станат маченици./крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

