Свет
Вашингтон дозволи склопување на хомосексуални бракови
Десетина хомосексуални двојки стапија во брак првиот ден откако тоа беше законски дозволено во главниот град на САД.
Десетина хомосексуални двојки стапија во брак првиот ден откако тоа беше законски дозволено во главниот град на САД.
Вашингтон стана шестото место во САД каде што е дозволен брак на партнери од ист пол, така што им се придружи на Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт и Конектикат.
Портпаролката на судот соопшти дека 42 парови вчера ги подигнале своите дозволи за венчавка, а 12 од нив ги вратиле потпишани со што се докажува дека се венчани.
Паровите имаат рок од 10 дена по венчавката да ги вратат документите така што се претпоставува дека во наредните денови бројот на вакви бракови ќе биде зголемен.
Минатата недела речиси 150 парови се пријавиле за добивање на дозволи за венчавање, а некои од нив чекале повеќе од 4 часа, а за да ја подигнат својата дозвола мора да чекаат како и хетеро-паровите обработка на дозволата од три дена.
Владата на САД не ги признава таквите бракови но некои од сојузните држави го имаат одобрено. Ним сега им се придружи и главниот град Вашингтон кој има посебен територијално-управен статус во САД./крај/бе/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

