Свет
Шојбле за создавање Европски монетарен фонд
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го конкретизираше својот предлог за создавање на Европски монетарен фонд(ЕМФ) кој ќе има за цел да им помогне на државите од
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го конкретизираше својот предлог за создавање на Европски монетарен фонд(ЕМФ) кој ќе има за цел да им помогне на државите од Еврозоната кои се соочуваат со финанскиски потешкотии.
Ова во своето денешно издание го пишува весникот “Фајненшл Тајмс“и додава дека фондот би можел да им дава поволни кредити на државите кои се наоѓаат на работ на банкротот.
Според Шојбле помошта треба да се укажува само во случај на неопходност и во моменти кога ќе биде нарушена стабилноста на целата Еврозона.
Тој е убеден дека можноста државите да добијат вонредна помош ќе ја зголеми довербата во финансиските пазари и ќе помогне во иднина да се запре ширењето на економските кризи и да се поштедат државите да бараат помош единствено од Меѓународниот монетарен фонд. /крај/бгнс/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

