Свет
Најмалку 35 загинати во поплава во Казахстан
Најмалку 35 лица загинаа во големите поплави што го зафатија јужниот дел на Казахстан, соопштено е денеска од официјални извори.
Најмалку 35 лица загинаа во големите поплави што го зафатија јужниот дел на Казахстан, соопштено е денеска од официјални извори. Причина за поплавата е пукањето на цевка на еден резервоар во источниот дел на подрачјето Алмати, во близина на границата со Кина, при што било поплавено селото Кизил-Агас. Во тоа место живеат 3.000 луѓе. Локалните власти соопштија дека околу 600 припадници на спасувачките служби им помагаат на мештаните, додека полицијата е распоредена за да спречи грабежи. Во друг дел на подрачјето на Алмати од поплави предизвикани од топењето на снегот, но и од поројните дождови, повеќе од 800 луѓе се евакуирани, додека поплавени се 140 куќи. Јужниот дел на Казахстан е познат по обилните врнежи во зима и наглите температурни промени, поради што често доаѓа до поплави. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

