Свет
Северозападниот дел на САД го зафати големо невреме
Северозападниот дел на САД денеска се уште се соочува со големи проблеми, откако од петокот го зафати големо невреме, со обилни дождови, во кое досега загинаа девет луѓе.
Северозападниот дел на САД денеска се уште се соочува со големи проблеми, откако од петокот го зафати големо невреме, со обилни дождови, во кое досега загинаа девет луѓе.
Според локалните гласила состојбата јужно од Њујорк се подобрува, но околу половина милион луѓе уште немаат електрична енергија.
Сојузната американска држава Њу Џерси прогласи вонредна состојба, а училиштата се затворени во Масачусетс, Конектикат и Њујорк.
Помош од спасувачките екипи изминатите денови побарале 65 илјади луѓе, што е повеќе отколку по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година, кога на бројот 911 се јавиле 54 илјади луѓе.
Невремето проследено со ветрови со брзина над 100 километри на час уследи две недели по големото снежно невреме, проследено со оркански ветар./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

