Свет
Обновата на Хаити ќе чини околу 11,5 милијарди долари
Околу 11,5 милијарди долари ќе бидат потребни за обнова на Хаити.
Околу 11,5 милијарди долари ќе бидат потребни за обнова на Хаити. Износот, како што соопшти Владата на оваа земја, е груба проценка за целосна обнова на исцрпената земја. Планот за обнова на земјата ќе биде објавен кон крајот на март. Повеќе од 220.000 луѓе загинаа во земјотресот што предизвика материјална штета од осум милијарди долари. Според планот за обнова, за кој ќе се расправа на конференција за Хаири во Њујорк на 31.март, краткорочен приоритет е да се подготват луѓето што останаа без покрив над главата во пресрет на сезоната на дождови и урагани. Околу 218.000 жители на Хаити во моментот живеат во привремени кампови. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.