Свет
Расте недостигот од работна сила во Кина
Актуелниот недостаток од работна сели во крајбрежните делови на Кина може да биде постојана главоболка за големите кинески извозници.
Актуелниот недостаток од работна сели во крајбрежните делови на Кина може да биде постојана главоболка за големите кинески извозници.
Вакво мислење изнесе директорот на кинескиот Институт за население и труд Цаи Фанг, предупредувајќи дека проблемот со недостаток на работна сила неминовно ќе доведе до зголемување на платите на работниците.
Фабриките се потешко наоѓаат нови работници, а според статистичките податоци не се очекува зголемувања на работоспособното население.
Според Цаи, нема сомневање дека во Кина ќе следува долгорочен тренд на пораст на платите, што ќе ја поттикне домашната потрошувачка.
Наспроти овој економски експерт, кинеската влада тврди дека станува збор за привремен недостаток на работна сила, што е регистриран во одредени региони. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

