Свет
Конгресот го усвои историскиот Закон за здравствена заштита
Претставничкиот дом на Конгресот на САД го изгласа историскиот закон за здравствена заштита кој гарантира здравствена заштита за скоро сите Американци и со кој се спречува злоупотребата на осигурителните компании.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД го изгласа историскиот закон за здравствена заштита кој гарантира здравствена заштита за скоро сите Американци и со кој се спречува злоупотребата на осигурителните компании.
Овој најзначаен закон од областа на социјалната политика, Долниот дом на Конгресот го усвои синоќа, со 219 гласови за и 212 против.
Ниеден претставник од Републиканската партија не го поддржа законот, а нив им се придружија и 34 Демократи.Претседателот Барак Обама гласањето го следеше од Белата куќа, со потпретседателот Џозеф Бајден и со околу 40 соработници.
„Докажавме дека се уште сме народ способен за големи работи. Докажавме дека оваа влада и понатаму работи за народот“ порача Обама по гласањето.
Конгресот очекува Обама веќе утре ќе го потпише законот за реформи во здравството, што е еден од приоритетите на американскиот претседател.
Според предлог законот, поголем број од Американците ќе мораат да имаат здравствена заштита, со што осигурување ќе добијат моментално 32 милиони неосигурени Американци.
Со овој закон на осигурителните компании ќе им биде забрането да им го укинат осигурувањето на клиентите поради нивната поради здравствената состојба.
Се проценува дека трошоците за реформата би можеле да изнесуваат 940 милијарди долари. /крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

