Контакт

Свет

Саркози со тежок пораз на регионалните избори

Објавено пред

Владеачката партија на францускиот претседател Никола Саркози претрпе тежок пораз на неделните регионални избори во земјата

Владеачката партија на францускиот претседател Никола Саркози претрпе тежок пораз на неделните регионални избори во земјата.

Опозициските партии и нивните сојузници од левицата собраа 56 проценти од гласовите ќе раководат со 21 од 22 региона во Франција, јавија агенциите, додавајќи дека владеачката Унија за народно движење на Саркози освои само 37 отсто од гласовите.

Десницата на Саркози успеа да ја задржи власта само во Алзас, а пораз доживеа и на Корзика. Социјалистите во претходниот мандат ја имаа власта во 20 региони во Франција.

Екстремно десничарскиот Национален фронт на Жан Мари Лепен, освои речиси 10 отсто од гласовите, а во некои региони за него гласаа и над 20 проценти од избирачите.

„Резултатите од изборите го потврдија успехот на левицата. Тоа е разочарување и подготвен сум го да преземам својот дел од одговорноста“, изјави францускиот премиер Франоса Фијон. На регионалните избори беа кандидирани дури 20 министри од неговата влада.

Се очекува Фијон на претседателот Саркози да му понуди оставка, а малку е веројатно дека тој ќе ја прифати, но не се исклучува можноста од помали промени во владата.

Социјалистите оценија дека Французите ја отфрлија политиката на Саркози, која делува во корист на привилегираните на сметка на вработувањето и животниот стандард.

„Да се послушаат Французите значи во корен да се промени политиката“, изјави по изборите лидерката на опозицијата Мартин Обри.

Овие избори претставуваат тест пред наредните претседателски избори во Франција, што треба да се одржат 2012 година. /крај/ста/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Драматично апсење словачки олигарх поради прикривање докази

Објавено пред

Словачката полиција го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во земјата. Тој пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на водачот на инвестициската групација Пента е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак. Хашчак се сметаше за најмоќен меѓу словачките олигарси повеќе од 20 години и ја уживал поддршката на политичарите.

Информативниот портал Aktuality.sk, на кој работеше Куцијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази. Досега немало доволно докази за да се обвини Хашчак.

Групацијата Пента се претставува како водечки играч на пазарот на недвижности во Словачка, Чешка и во Полска“. Тој е сопственик на банки и финансиски фабрики во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Објавено пред

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро рече дека стратегиите за вакцинација ќе станат јасни за неколку дена.

„Немаме време да губиме. Ќе бидеме подготвени на 5 јануари, како и многу земји“, рече тој.

Де Кро очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да ги одобри развиените вакцини. Де Кро рече дека сакаат да вакцинираат што повеќе луѓе штом вакцините се подготвени.

Тој изјави дека ќе биде потребно време за сите да бидат вакцинирани во земја со 11 милиони жители и дека ќе почне кампања за вакцинација со одредени групи. Оваа група вклучува здравствени работници, стари лица и оние со хронични заболувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Чиле

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Антофагаста во Чиле, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 80 километри, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет5 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт5 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија6 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија7 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија9 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет10 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија11 час

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија12 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија12 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија13 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија13 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет13 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион13 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет13 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион14 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија14 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет16 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет17 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Досие