Свет
Штрајк на железницата во Португалија-сообраќајот блокиран
Железничкиот сообраќај во Португалија денеска е целосно парализиран како резултат на 24-часовниот штрајк на железничарите кои протестираат поради замрзнувањето на платите.
Железничкиот сообраќај во Португалија денеска е целосно парализиран како резултат на 24-часовниот штрајк на железничарите кои протестираат поради замрзнувањето на платите.
“Во штрајкот учество земаа меѓу 80 и 90 отсто од работниците во железницата“, изјави Хозе Мануел Де Оливеира вработен како координатор на синдикатот во железничкиот сообраќај на Португалија(СНТФС).
“Железничкиот сообраќај се одвива со многу потешкотии во целата земја“, изјави портпаролот на португалските железници.
Работниците протестираат поради четиригодишното замрзнување на платите во државниот сектор во склоп на владината програма за стабилност и раст во периодот од 2010 до 2013 година чија цел е да се намали буџетскиот дефицит од 8.3 на 2.8 отсто./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран се закани дека ќе ги нападне европските земји ако се приклучат на војната
Иран денес издаде строго предупредување до европските земји да не се приклучат на војната, велејќи дека секој таков потег ќе се смета за „чин на војна“ и ќе предизвика одмазднички напади врз европските градови. Предупредувањето доаѓа откако неколку земји најавија можни „одбранбени акции“ како одговор на ракетните капацитети на Иран, објави Euronews.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека приклучувањето на европските земји ќе се смета за директна провокација.
„Тоа би бил чин на војна. Секој таков потег против Иран ќе се смета за соучество со агресорите и чин на војна против нашата земја“, рече Багаеи.
На прес-конференција за државните агенции, тој ја отфрли терминологијата за „одбранбена“ акција.
„Да се нарече „одбранбен“ е бесмислено, тоа е само друго име за напад. Дали сакаат да му ја одземат способноста на Иран да возврати против агресорите?“, праша тој. „Би било штета ако овие земји се на страната на агресорите. Тие веќе направија доволно против Иран“, додаде тој.
Предупредувањето доаѓа во време кога европските земји се обидуваат да ја зајакнат својата одбрана поради заканата од ширење на војната на Иран надвор од Блискиот Исток. Вчера, ирански беспилотни летала ја нападнаа воздухопловната база Акротири на британските воздухопловни сили на Кипар, која е членка на Европската Унија.
Службениците веруваат дека беспилотните летала биле лансирани од Либан, веројатно од Хезболах. Нападот го поттикна Обединетото Кралство да ја зајакне одбраната во базата на медитеранскиот остров, а британските медиуми објавија дека премиерот Стармер размислува да испрати воен брод како засилување против идните напади.
Во меѓувреме, Грција, Германија и Франција ветија дека ќе му помогнат на Кипар да ја зајакне својата одбрана. Грција и Франција испратија поморски фрегати, а Атина, исто така, придонесе со борбени авиони Ф-16.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес нагласи дека воената алијанса не е директно вклучена во настаните на Блискиот Исток, но дека ќе го брани секој сантиметар од територијата на НАТО доколку е потребно. За време на посетата на Македонија, Руте рече дека Иран претставува закана за поширокиот регион, егзистенцијална закана за Израел и голема закана за нас тука во Европа.
„Да бидеме многу јасни за тоа што се случува тука. Иран е блиску до стекнување нуклеарно оружје и балистички ракети“, рече тој. Коментирајќи го убиството на иранскиот ајатолах Али Хамнеи во нападот во саботата, тој додаде: „Мислам дека на сите им е подобро без него, и со нуклеарните и балистичките капацитети поразени и ослабени како што се сега“.
Руте повтори дека операцијата ја спровеле САД и Израел и дека иако некои сојузници даваат поддршка, тие го прават тоа на билатерална основа.
Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, нареди зголемување на нуклеарниот арсенал на Париз, со оглед на заканите со кои се соочува континентот на повеќе фронтови, од војната на Русија во Украина до конфликтот на Блискиот Исток. Францускиот лидер, исто така, објави дека неговата земја планира да започне програма за проширување на францускиот нуклеарен потенцијал низ целиот континент.
фото/Depositphotos
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА

