Свет
Над 24 луѓе загинаа во пожар во Калкута
Најмалку 24 лица загинаа а дваесетина други се повредени во голем пожар што изби во една станбена зграда во индискиот град Калкута.
Најмалку 24 лица загинаа а дваесетина други се повредени во голем пожар што изби во една станбена зграда во индискиот град Калкута.
Двајца настрадале при скок од прозор во обид да побегнат од огнената стихија, додека четворица им подлегнале на повредите како резултат на здобиените изгореници .
Петмина се хоспитализирани во локалната болница и се наоѓаат во животна опасност.
Во гаснењето на огнената стихија учествувале стотина пожарникари кои повеќе часа се бореле против огнот кој зафатил голем дел од канцелариите, становите и рестораните.
Зградата се наоѓа на многу фреквентна улица во градот Калкута и истата била изградена пред 100 години.
Полицијата сеуште се обидува да ја утврди причината за избувнувањето на пожарот кој започнал да се шири во еден од лифтовите./крај/тн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

