Контакт

Свет

Поплави во Волгоград – над 3.000 живеалишта под вода

Објавено пред

Домовите на повеќе од 3 илјади луѓе останаа под вода како последица на поплавите што ја зафатија Волгоградската област во Русија, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

Домовите на повеќе од 3 илјади луѓе останаа под вода како последица на  поплавите што ја зафатија Волгоградската област во Русија, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

Според првичните информации поплавени се над 20 населени места во околината на Волгоград.

Поплавите се предизвикани од зголемениот водостој на реките, кој пак е последица на наглото зголемување на температурите, што предизвикало топење на снегот и излевање на реките од своите корита.

Во најпогодените региони се врши прочистување на речните канали, се градат насипи  на бреговите, а специјални екипи ја испумпуваат водата од поплавените живеалишта. /крај/фокус/вм  Фото: АФП/Фо



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Адолф Хитлер избран на избори во Намибија

Објавено пред

На локалните избори во Намибија е избран кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54-годишен Намибиец, Адолф Хитлер Уунона, освои 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Омпунџа во регионот Ошана, во северна Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на актуелните регионалните избори. Тој објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„ Очигледно мојот татко не разбрал кој бил Адолф Хитлер“ додал тој.

Вели дека додека бил дете, неговото име било нормално, се додека не пораснал и дознал чие име носи.

„ Со сите тие работи кои ги направил тој човек, чие име носам јас, немам никаква врска“ вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона.

Рекол дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.

Прикажи повеќе...

Свет

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Објавено пред

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот, смета дека по одлуката на британските власти, доволни количини на вакцина можат да бидат доставени до сите региони во светот.

Сахин во интервју за „Си-ен-ен“ изјави дека се надева дека следната зима ќе биде многу поблиску до оние зими на кои сме навикнати. Тимот „Фајзер – Бајонтек“ се надева дека ќе има нова верзија на вакцината против корона до крајот на следната година.

Угур Сахин го оцени британското одобрување за употреба на вакцината на „Фајзер -Бајонтек“ на нивниот пазар како многу важна пресвртница и како почеток на крајот на пандемијата на коронавирус во светот.

„Ова е, се разбира, многу важна пресвртница, така што ова ќе биде прв пат луѓето надвор од клиничките испитувања да добијат пристап до нашата вакцина и веруваме дека тоа е навистина почеток на крајот на пандемијата. Се разбира, тоа е прва држава што овозможи авторизација и, најверојатно, ќе ја следат и други. Да, но тоа е добар почеток “, рече Сахин.

Раната фаза на снабдување со вакцини значи и нови прилагодувања во наредниот период кога станува збор за дистрибуција, производство, но и нова генерација на вакцини.

Прикажи повеќе...

Свет

102-годишна Американка која го преживеала шпанскиот грип, двапати го победи коронавирусот

Објавено пред

102-годишната Анџелина Фридман од Њујорк е вистински борец. Кога била бебе, таа го преживеала шпанскиот грип кој косел во 1918 година. Во текот на својот живот преживеала рак, внатрешно крварење и сепса, а оваа година таа двапати го победила коронавирусот, објави Си-ен-ен.

Првпат вирусот ѝ бил дијагностициран во март кога Фридман била во болница за лесна медицинска постапка. Таа поминала една недела во болница, а кога се тестирала на 20 април, нејзиниот тест бил негативен.

Кон крајот на октомври, Фридман повторно имала позитивен тест на Ковид-19.

Нејзината ќерка за Си-ен-ен вели дека тогаш нејзината мајка имала симптоми – треска и сува кашлица. На 17 ноември повторно имала негативен тест.

Фридман е последното преживеано дете од вкупно 11 деца во семејството. Сепак, Фридман продолжува да биде извор на радост и забава за оние околу неа, пишува Си-ен-ен.

За својот 101 роденден добила голема забава во домот за стари лица каде што е сместена и минатата година била крунисана за матурска кралица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет9 минути

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион55 минути

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Европа2 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет2 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет3 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа14 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет14 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт15 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија15 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија17 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија19 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет20 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија21 час

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија22 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија22 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија22 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет23 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Досие