Свет
Тајландскиот премиер ќе преговара со демонстрантите
Тајландскиот премиер Абхасит Веџаџива и водачите на масовните демонстрации се договорија да се состанат попладнево, за да се обидат да ја ублажат политичката напнатост, што прерасна во насилство.
Тајландскиот премиер Абхасит Веџаџива и водачите на масовните демонстрации се договорија да се состанат попладнево, за да се обидат да ја ублажат политичката напнатост, што прерасна во насилство.
Премиерот ќе се состане со челниците на Обединетиот фронт за демократија против диктатурата, а преговорите ќе се пренесуваат директно на националната телевизија.
Демонстрантите од 12 март секојдневно се собираат во Бангкок, повремено достигнувајќи и бројка од 100.000 луѓе.
Поранешниот премиер Таксин Шинаватра во 2006 година со воен удар беше симнат од власта и сега дејствува од Дубаи, од каде ги повика своите приврзаници на протести во Бангкок и останатите покраини.
Во отсутност, актуелната власт го осуди Шинаватра на две години затвор, поради злоупотреба на службената должност додека бил на власт/крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

