Свет
Путин се врати во Москва поради експлозиите во метрото
Владимир Путин го прекина престојот во Краснојарски и се врати во Москва по двете експлозии во метрото на руската престолнина во кој загинаа најмалку 38 луѓе, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.
Владимир Путин го прекина престојот во Краснојарски и се врати во Москва по двете експлозии во метрото на руската престолнина во кој загинаа најмалку 38 луѓе, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.„Терористите кои го организирале нападот во московското метро ќе бидат уништени,“ се закани рускиот премиер Владимир Путин.„Сигурен сум дека полицијата и спроведувачите на правдата ќе направи се’ за да ги пронајдат и казнат тие криминалци,“ рече Путин, пренесува агенцијата Интерфакс.Претходно, рускиот претседател Дмитриj Медведев побара од безбедносните служби да се борат против тероризмот „без колебање, и до крај“.Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров исто така ги осуди терористичките напади врз московската подземна железница, со зборовите:„Не смееме да бидеме индиферентни во борбата против ова зло кое не повредува сите“, изјави Кадуров и додаде дека Москва е потресена од терористички напади кои имаат за цел да создадат хаос, да предизвикаат страв и недоверба и да ја поткопаат економијата во Русија.Шефот на руските специјални служби, Александар Бортников истакна дека терористичката организација Северен Кавказ го извела атентатот во кој според последните податоци загинаа најмалку 38 луѓе, меѓу кои и двете жени самоубијци, а повредени беа 64 луѓе. /крај/хи/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

