Контакт

Свет

Г-8 објави план за засилување на трговските врски меѓу Авганистан и Пакистан

Објавено пред

Групата на осумте индустриски најразвиени земји во светот Г-8 објави дека е покрената економска иницијатива за подобрување трговските односи помеѓу Авганистан и Пакистан, јавија светските медиуми.

Групата на осумте индустриски најразвиени земји во светот Г-8 објави дека е покрената економска иницијатива за подобрување трговските односи помеѓу Авганистан и Пакистан, јавија светските медиуми.

Планот, претставен првично на средбата на министрите на Г-8 во Канада, има за цел да помогне во подобрувањето на трговските односи помеѓу двете земји, како и да ја подобри сигурноста на авганистанско-пакистанската граница.

Канадскиот министер за надворешни работи Лоренс Кенон изјави дека стабилноста на авганистанско-пакистанскиот регион е од “клучно значење за глобалната сигурност“.

Експертите сметаат дека напорите на меѓународната заедница ќе наидат и на жесток отпор од талибанските бунтовници кои често создаваат проблеми во овој регион бидејќи слабата контрола на авганистанско-пакистанската границата им дозволува лесно поминување од една земја во друга.

Подобрувањето на трговските односи ќе помогне за економски развој во регионот, а со тоа ќе придонесе и за намалување на влијанието на талибанците врз месното население, сметаат експертите./крај/бгн/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иранскиот амбасадор во Русија: Знаеме кој стои зад убиството на Фахризаде

Објавено пред

Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, изјави дека Исламската Република знае кој е одговорен за убиството на нуклеарниот физичар Мухсин Фахризаде, пренесува „Росија 24“.

„Општо гледано, не е некоја вест дека нашите непријатели користат тероризам против Иран. Покрај тоа, ние знаеме кој стои зад сè, вклучително и некои влади. Во моментот, сите директни и индиректни докази со кои располагаме сугерираат дека Израел стои зад нападот, како што беше и порано“, рече Џалали.

Фахризаде беше наведен како еден од петмината Иранци на листата 500 најмоќни луѓе во светот на списанието „Форин полис“ во 2013 година. Тој беше професор на престижниот ирански универзитет „Имам Хусеин“, научник во Организација за атомска енергија на Иран и бригаден генерал во Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) специјализиран за ракети.

Фахризаде беше убиен минатата недела во напад врз неговото возило на околу 175 км источно од Техеран. Според извештаите, далечински управуван митралез го застрелал Фахризаде откако тој излегол од својот блиндиран автомобил.

По инцидентот, иранскиот парламент ги ратификуваше генералните црти на Националниот план за зајакнување на нуклеарната активност, предвидувајќи производство на најмалку 120 кг 20 отстотен збогатен ураниум на годишно ниво.

Осврнувајќи се на атентатот, Иран испрати писмо до ООН, велејќи дека има сериозни индиции за израелска одговорност за нападот и ги повика Советот за безбедност и генералниот секретар на ООН да го осудат убиството.

Повеќе нации, вклучувајќи ги Кина, Турција, Либан, ОАЕ и Бахреин го осудија нападот. Израел, пак, одби официјално да го коментира инцидентот.

Смртта на Фахризаде е најмалку седмиот случај на убиство на познат ирански научник во последните 15 години, за што Техеран ги обвинува израелските активности поддржани од Западот.

Прикажи повеќе...

Свет

Половина од Украинците незадоволни од забраната на руски телевизии и социјални мрежи

Објавено пред

Забраната на Киев за руски филмски и ТВ канали не помина добро кај украинската јавност, покажува ново истражување, а близу половина од земјата е против строгите мерки кои им го ускратуваат слободниот избор на гледање, пренесува РТ.

Анкетата на Центарот за социјален мониторинг покажа дека 47 отсто од испитаниците изјавиле дека забраната на руските телевизии е грешка. Казнените мерки исто така предизвикаа критики од страна на надзорните тела за слобода на медиумите.

Над 50 отсто од испитаниците сметаат дека ставањето на црна листа на одредени руски уметници и филмови е погрешна одлука. Цензурата на социјалните мрежи е уште понепопуларна; само 42 отсто се согласуваат со ставот на владата дека тоа е потребно за националната безбедност.

Украина воведе забрани за повеќе од десетина руски медиуми, вклучително и новинските канали на РТ во 2014 година, кога Министерството за внатрешни работи ги обвини мрежите за ширење пропаганда за конфликтот на истокот на земјата.

„Украина треба да го заштити својот медиумски простор од руската агресија“, рече тогаш портпаролот на министерството.

Киев им забрани влез на новинарите од многу руски новински организации и ги замрзна нивните средства. Одлуката беше критикувана од Меѓународниот комитет за заштита на новинарите, кој ги повика украинските власти да се воздржат од забрана за изворите на информации, било да се работи за медиуми со поволно или неповолно покривање.

„Репортери без граници“ предупредуваат и дека ставот на земјата кон слободата на медиумите има потреба од подобрување. Украина е рангирана во долната половина на нивниот Светски индекс за слобода на медиумите и тие велат дека е потребно многу повеќе за олабавување на силниот притисок врз медиумите, охрабрување на уредничката независност и борба против неказнивоста за злосторствата и насилството врз новинарите.

Минатата недела, новинарка од украински информативен ТВ-канал беше нападната во живо од маскиран човек кој ѝ го скрши микрофонот и го нарече каналот „фашистички“.

Прикажи повеќе...

Свет

Гутереш: Светот се соочува со најтешка хуманитарна криза од Втората светска војна

Објавено пред

На Обединетите Нации им требаат 35 милијарди долари за да одговорат на најголемата хуманитарна криза од Втората светска војна, вели генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, пренесува ТАСС.

„Оваа година, 2020, беше година како ниедна претходно. Конфликтите, климатските промени и Ковид-19 создадоа најголем хуманитарен предизвик од Втората светска војна. Бројот на луѓе изложени на ризик од глад е двојно зголемен. Стотици милиони деца се надвор од училиште. Нивото на екстремна сиромаштија се зголеми првпат по 22 години“, рече тој.

Гутереш вели дека е неопходна мобилизација за поддршка на оние кои се под најголем ризик во овие невидени времиња.

„Потребни ни се 35 милијарди долари за да добиеме спасувачка помош за 160 милиони најранливи луѓе“, рече шефот на ООН.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија22 минути

Министерство за здравство: Слободни се 180 болнички кревети во ковид-центрите

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија34 минути

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија38 минути

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет1 час

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион1 час

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет1 час

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион2 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија2 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет5 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет5 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија18 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија18 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија21 час

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие