Свет
Французите не сакаат уште еден мандат на Саркози
Речиси 60 отсто од Французите не сакаат нивниот претседател Никола Саркози да добие уште еден мандат на изборите што треба се одржат во 2012 година.
Речиси 60 отсто од Французите не сакаат нивниот претседател Никола Саркози да добие уште еден мандат на изборите што треба се одржат во 2012 година.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на институтот Ипсос.
Како “против“ уште еден мандат на Саркози се изјасниле 57 отсто од испитаниците, додека 32 отсто сакаат уште еден мандат на нивниот претседател. Околу11 отсто од испитаниците немале одговор на ваквото прашање.
Најголем процент од младината на возраст до 34 или 54 отсто од нив биле против нов мандат на нивниот сегашен претседател.
Според податоците од истражувањето, подршката за Сакрози се намалува а и во неговата матична партија СНД и сега 72 отсто од членството би го поддржале Саркози доколку одлучи да се кандидира на наредните избори./крај/бг/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

