Свет
Си-Ен-Ен:Иран планира да достави оружје на талибанците во Авганистан
Иран планира достава на нови пратки со оружје за талибанците во Авганистан, за да ги попречи операциите на коалиционите сили, тврди висок претставник на американското Министерство за одбрана.
Иран планира достава на нови пратки со оружје за талибанците во Авганистан, за да ги попречи операциите на коалиционите сили, тврди висок претставник на американското Министерство за одбрана. Информацијата е добиена од ирански извор, чии информации во минатото се покажале како доста веродостојни. Според друг американски претставник Иран доставува само мали количества оружје на талибанците, што не е доволно да предизвика сериозни проблеми на коалициските сили. Истовремено, Техерен негира дека ги помага движењата што се против авганистанската влада. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

