Свет
Најмалку 15 загинати во експлозија во Пакистан
Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш-самоубиец кој утринава го изведе за време на собир на партија на Паштуните во северозападен Пакистан.
Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш-самоубиец кој утринава го изведе за време на собир на партија на Паштуните во северозападен Пакистан. „Најмалку 15 тела на загинати и над 50 повредени досега се донесени кај нас“, изјави Вакил Мохаед, лекар во болницата во Тимергара, во телефонска изјава за Ројтерс. /крај/reuters/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Чад го покрива Лос Анџелес, воздухот е загаден
Квалитетот на воздухот во Јужна Калифорнија достигна „нездраво“ ниво поради шумските пожари што ја полнат атмосферата со чад и пепел. Во Сан Марино, во близина на пожарот Итон, индексот на квалитетот на воздухот во петокот по полноќ беше 431, спаѓајќи во категоријата „опасна“ – највисоко ниво на скалата за квалитет на воздухот.
Предупредувањата се на сила во поголемиот дел од регионот, при што многу населби известуваат за „нездрави“ услови. Професорката по епидемиологија, Ен Римоин, предупреди на сериозни здравствени последици.
Ситните честички можат да навлезат длабоко во белите дробови, а најзагрозени се луѓето со хронични заболувања, трудниците и младите.
Свет
(Видео) Малибу пред и по пожарот
Снимката од градот Малибу во близина на Лос Анџелес, еден од најубавите крајбрежни делови на Калифорнија, го покажува обемот на катастрофалниот пожар.
Malibu’s waterfront before and after the wildfires, which destroyed some of the most expensive properties in California
pic.twitter.com/RQmlY5LoQj— FearBuck (@FearedBuck) January 9, 2025
Куќите и зградите се целосно срамнети со земја.
Свет
Партијата на Трудо избира нов лидер на 9 март
Либералната партија на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо доцна вчера објави дека ќе избере нов лидер на 9 март, пред овогодинешните избори, за кои анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата е значително ослабен. Трудо пред четири дена најави дека ќе поднесе оставка како лидер на владејачката Либерална партија и премиер по девет години на власт, но вети и дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не избере замена.
Канадскиот премиер се најде под силен притисок од пратениците на либералите да поднесе оставка поради предизборните анкети кои сугерираат дека партијата ќе биде цврсто поразена на следните избори. „Либералната партија на Канада ќе избере нов лидер на 9 март и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година“, се вели во соопштението на партијата.
Националниот управен комитет на партијата синоќа официјално се состана за да разговара и да ги утврди првичните правила на претстојната лидерска трка. Лидерското гласање ќе заврши на 9 март, а истиот ден ќе биде објавен и новиот лидер, велат оттаму.
Ова значи дека 53-годишниот Трудо сепак ќе биде премиер на 20 јануари, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини за Канада кои би можеле да ја осакатат економијата, ќе ја преземе функцијата. Трамп, исто така, рече дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51-та држава на САД, што канадскиот лидер жестоко го отфрли.