Свет
Грозоморно злосторство – убиле девојка па ја зготвиле
Во Русија две 20-годишни момчиња се обвинети за грозоморно злосторство, дека убиле 16-годишна девојка, ја расекле на парчиња и ја послужиле со компири, пишува „Дејли мејл“.
Во Русија две 20-годишни момчиња се обвинети за грозоморно злосторство, дека убиле 16-годишна девојка, ја расекле на парчиња и ја послужиле со компири, пишува „Дејли мејл“. Судењето на Максим Головатскикх и Јури Мозхнов е одложено откако главниот судија кој ги гледал доказните материјали се разболел, наведува весникот. Против двајцата млади е поднесено обвинение во кое стои дека во јануари годинава, ја удавиле 16-годишната Карина Бардучиан, потоа ја исекле на парчиња, и истите ги зготвиле со компири и ги послужиле како јадење за своите пријатели. Сведокот Екатерина Зиновева изјавила дека таа вечер, кога девојката била убиена, во станот на момчињата имало забава. „Максим и Карина отидоа заедно во тоалетот, а јас отидов да спијам. Од мојот кревет слушнав некои звуци и течењето на водата. Одлучив да одам до бањата, но Јури ме сопре и не ми даде да влезам, и ми рече да се вратам во својот кревет,“ изјавила Зиновева и објаснувала како момчињата се шегувале дека би можеле да ја убијат Карина, но никој не мислел дека се сериозни. Следниот ден, момчињата на својата пријателка која сега сведочи против нив, и послужиле месо со компири кое девојката го изела не знаејќи дека се работи за човечко месо. Остатоците од девојката биле фрлени во ѓубре, велат од полицијата. Судењето на двајцата убијци продолжува оваа недела./крај/инд/дм/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Свет
Им го украл автомобилот, па добиле казна оти крадецот возел без појас
Брачниот пар Лејла и Хамид од Голд Кост, Австралија, прво станале жртви на кражба во нивниот дом, а потоа добиле и казна од околу 3.750 евра. Казната ја добиле затоа што крадецот кој им го украл автомобилот, Lexus SUV, не бил врзан со безбедносен појас.
Како што пренесува 9 Now Australia’s Today, маскирана група крадци влегла ноќе во нивниот дом додека брачниот пар спиел. Хамид се разбудил од бучавата, успеал да ги истера крадците и да повика полиција. Тврди дека полицијата не дошла, а крадците наскоро се вратиле и овој пат го украле нивниот Lexus SUV.
Хамид вели дека полицијата ја повикал и вторпат, но ни тогаш никој не дошол на адресата. Три недели по инцидентот, тврди тој, полицијата сè уште не го посетила нивниот дом. Наместо помош, парот добил – казна. Сообраќајна камера го снимила крадецот зад воланот на нивниот SUV без безбедносен појас, а паричната казна автоматски им била издадена на сопствениците на возилото. Ако не го платат износот до 3 март, им се закануваат дополнителни трошоци.
Хамид се прашува како е можно системот да го сними прекршокот и да ги казни сопствениците, но не и да ја идентификува лицето кое управувало со украдениот автомобил.
Според податоците на Австралискиот завод за статистика (ABS), во Австралија се краде еден автомобил на секои 11 минути. Во периодот 2023/2024 се украдени повеќе од 60.000 возила, околу 17.000 повеќе од претходната година. Барањата за отштета по кражби речиси се удвоиле од 2015 година и во 2024 достигнале 428 милиони долари.

