Свет
Иран разви побрзи центрифуги за богатење уран
Иран денеска соопшти дека развил нови центрифуги од третата генерација, кои многу побрзо го збогатуваат уранот од постојните
Иран денеска соопшти дека развил нови центрифуги од третата генерација, кои многу побрзо го збогатуваат уранот од постојните.
На свеченоста по повод празникот на нуклеарната технологија водачот на Иранската агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи соопшти дека новите центрифуги можат да произведат шест пати повеќе збогатен уран од оние што се користат во нуклеарниот погон во Натанц.
Салехи на свеченоста, на која иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат на насобраните им откри една од новите центрифуги, додаде дека тие биле успешно тестирани.
Ахмадинеџат на свеченоста нагласи дека новите закани на Западот со санкции само ќе ја зајакнат решеноста на Иран за продолжување на неговата нуклеарна политика.
Иранската нуклеарна политика е на пат без враќање, а Иран е нуклеарна држава, рече Ахмадинеџат.
Иран има околу 8600 центрифуги, со кои, според проценките досега збогатил над два тона ниско збогатен уран. Во март годинава започна со богатење на високо збогатен уран, со што се зголеми загриженоста на западните земји дека Иран произведува атомско оружје, иако Техеран, тоа упорно го негира./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.