Свет
Авионот на Качински можеби крие доверливи информации
Во Полска стравуваат дека во остатоците од авионот на претседателот Лех Качински, што во саботата се урна кај Смоленск, можеби се кријат податоци што се воена и државна тајна.
Во Полска стравуваат дека во остатоците од авионот на претседателот Лех Качински, што во саботата се урна кај Смоленск, можеби се кријат податоци што се воена и државна тајна.
Во авионот беа и началникот на Генералштабот на полската армија и командантите на авијацијата, копнените сили, морнарицата, специјалните сили и Варшавскиот гарнизон.
“Не знаеме што носеле во авионот и дали имало некои информации, што се доверливи“ – изјавил неименуван претставник на полската Агенција за државна безбедност.
Полските разузнавачки служби стравуваат дека како што е прекршено правилото дека толку високи претставници на една државна управа, не смеат да бидат во ист авион, можно е тие со себе да носеле преносни компјутери, но и “паметни телефони“ за шифрирани разговори.
Доколку ваквите податоци би дошле во несакани раце можат да бидат ризик и за некои доверливи податоци за НАТО.
Полските експерти ги вадат сите предмети од остатоците од авионот, а потоа без копирање ги предаваат на анализа во Варшава.
“Во авионот не би требало да се најдат носачи на информации со доверливи податоци. Тоа беше само пригодна посета и не планираа никакви официјални средби. Секој има безбедносна лозинка и знае како да постапува со доверливи информации.Никако не можат да се уфрлат во лаптопите и да се носат на пат“, изјави поранешниот шеф на Службата за обезбедување на полските претставници, генерал Мирослав Гавор.
Според претставниците на државното обезбедување, Русите без проблеми би можеле да дојдат до овие податоци, но се сомневаат дека тие би ја искористиле оваа трагедија за свои цели.
Во Полска многу се цени тоа што Русија максимално им излезе во пресрет на полските органи во истрагата и грижата за семејствата на жртвите, далеку над границите на меѓународните обичаи./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

