Свет
Пулицер првпат доделен на интернет портал
Американскиот весник Вашингтон Пост ја доби угледната Пулицерова награда за новинарство во четири категории, а оваа награда првпат е доделена на интернет порталот ПроПаблик.
Американскиот весник Вашингтон Пост ја доби угледната Пулицерова награда за новинарство во четири категории, а оваа награда првпат е доделена на интернет порталот ПроПаблик.Вашингтон пост кој минатата година доби само еден Пулицер, оваа година ја освои оваа награда во четири категории за меѓународно известување, коментар, критика и за специјален прилог.Лауреати се Ентони Шаид за текстовите за Ирак, Кетлин Паркер за колумната посветена на политички и морални прашања, Сара Кауфман за својата критика за модерниот танц и Џин Вајнгартен за текстот за родителите кои ги убиле своите деца заборавајќи ги заклучени во автомобил.Њујорк тајмс е добитник на наградата за национално и аналитичко известување. Наградата за аналитичко известување добија Мајкл Мос и редакцијата на Њујорк тајмс за пишувањето за хамбургерите затруени со бактерија и други проблеми со безбедноста на храната во САД.За национално известување наградени се Мет Рихтел и членовите на редакцијата на Њујорк тајмс за низата текстови за опасната употреба на мобилните телефони, компјутерите и останатите уреди за време на управувањето со моторните возила.Сајтот ПроПаблик заедно со Њујорк тајмс магазинот е награден за исклучително достигнување во истражувачкото новинарство, односно за приказната за лекарите од една болница отсечена од ураганот Катрина 2005.Пулицеровата награда секоја година се доделува за најдобро остварување во новинарството, карикатурата и книжевноста.Џозеф Пулицер бил новински магнат со потекло од Унгарија и еден од почетниците на „жолтиот печат“. Во 1903 година на Универзитетот Колумбија ја основал првата новинараска школа. /крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

