Свет
Бакијев замина во Казахстан
Соборениот киргистански претседател Курманбек Бакијев со авион ја напуштил земјата и заминал кон Казакстан, објави руската новинска агенција РИА, пренесува Ројтерс.
Соборениот киргистански претседател Курманбек Бакијев со авион ја напуштил земјата и заминал кон Казакстан, објави руската новинска агенција РИА, пренесува Ројтерс. Според информацијата, што сеуште не е потврдена, Бакијев заминал во Казахстан на средба со претседателот Нурсултан Назарбаев. Бакиев беше симнат од власта, по нередите во Киргистан минатата недела, а во земјата се формираше народна влада. /крај/reuters/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 летови биле одложени, додека десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата, кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата, намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница Сафар, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на училишните часови на учење преку Интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви на магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите кои не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем кој им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови Flightradar24, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.
Свет
Девојка со чекан ги нападна колегите: најмалку осум повредени на универзитетот во Токио
Осум лица се повредени денеска во напад со чекан на универзитет во Токио, пред напаѓачот, 22-годишна студентка, да биде приведена, јавија јапонските медиуми.
Јавната телевизија NHK објави дека нападот се случил во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи.
Според таа телевизија и други јапонски медиуми, нападот го извршила студентка по социологија која замавнал со чекан среде часот. Според некои медиуми, таа рече дека чувствувала потиснати фрустрации откако била игнорирана.
Јапонските медиуми објавија дека на местото на настанот се видени неколку лица со раскрвавени глави.
Полицијата не можеше веднаш да ги потврди тие детали.
На снимката се гледа долга колона од амбулантни и полициски возила кои се упатуваат кон универзитетот, кој се наоѓа во населбата Машида.
Насилните злосторства се ретки во Јапонија, која има усвоено многу строги прописи за контрола на огненото оружје. Сепак, во земјата се случуваат напади со нож, како и огнено оружје, како оној кога поранешниот премиер Шинзо Абе беше убиен во 2022 година.
Свет
Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки
По прекинот на испораките на руски гас преку украинскиот гасовод, односите меѓу Словачка и Украина се влошуваат. Премиерот на Словачка најавува мерки против Украина доколку не се реши проблемот со транзитот на гас.
Суспендирањето на транзитот на гас преку Украина поради поскапувањата веќе ја чинеше Словачка 500 милиони евра, плус милијарда транзитни такси. Затоа премиерот Роберт Фицо и ги откри на Европската комисија реципрочните мерки кои Братислава ги подготвува за Киев.
„Можеме да ја запреме сета хуманитарна помош, дури и онаа неодамна одобрена од словачката влада. Можеме значително да ги намалиме, па дури и да ги елиминираме различните поволности што им ги даваме на украинските граѓани што ги започнавме на почетокот на војната. Втората мерка се однесува на снабдување со електрична енергија на Украина. Словачка е единствената земја способна да испорача електрична енергија во Украина во рок од 30 минути во итни ситуации“, рече Фицо.
Остро реагираше украинската амбасада во Братислава.
„Украинската амбасада го изразува својот протест против намерите на словачката влада и уште еднаш апелира на воздржување од контакти со Русија, бидејќи таквите акции придонесуваат за легитимирање на руската агресија врз Украина“