Свет
Се заканува ерупција на посилен вулкан на Исланд
Последиците од ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул, што го парализира авионскиот сообраќај во делови на Европа, беа тешки, но ако се остварат предвидувањата на геолозите, тоа може да биде само вовед во многу поголема катастрофа.
Последиците од ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул, што го парализира авионскиот сообраќај во делови на Европа, беа тешки, но ако се остварат предвидувањата на геолозите, тоа може да биде само вовед во многу поголема катастрофа.
Предвидувањата одат во насока на ерупција на соседниот вулкан – Катла, што се наоѓа на само 20 километри од вулканот Ејафјалајокул, кој што во два наврати еруптирал веднаш по активноста на Ејафјалајокул.
Таа ерупција би можела да создаде многу поголем и погуст облак на вулкански чад со страшни последици.
Двата вулкани се поврзни со мрежни тунели од магма, а Катла еруптира секои 18 години, па според геофизичарите заканата од ерупција е многу реална според историските податоци.
Досега имало само мали потреси под Катла, за кои научниците веруваат дека се последица на поместување на глечерите, но активноста на Катла тешко се мери затоа што е покриен со дебел слој на мраз.
Катла според научниците може да еруптира утре, но може и после 100 години. /крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор
Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.
Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.
Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.
„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.
Примање мито за големи проекти
Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва.
фото: епа
Свет
Воз прегази работници на железничка станица во Кина
Воз удрил и убил 11 работници на железничка станица во Кина, објави Ројтерс.
Двајца други беа повредени.
Инцидентот се случил во јужната провинција Јунан.
Според првичните извештаи, возот, кој тестирал сеизмичка опрема, удрил во работници кои стапнале на шините во градот Кунминг.
Свет
Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена
Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција, цитирана од агенцијата Франс прес.
„Она што го знаеме е дека истрелите биле насочени. Се чини дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено“, изјави градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, на истата прес-конференција.
Претходно, гувернерот на Западна Вирџинија, од каде што потекнуваат жртвите, на социјалните мрежи изјави дека тие починале од повредите. Сепак, информацијата беше демантирана . Малку подоцна, тој рече дека има „конфликтни информации“ за нивната здравствена состојба.
Пукањето се случило во близина на метро станицата Фарагут, во близина на Белата куќа. Мажот за кој се верува дека е убиец пристигнал во Соединетите Држави од Авганистан во 2021 година.
Белата куќа беше ставена во блокада, а ФБИ и Тајната служба беа испратени на местото на настанот. На жителите им е советувано да ја избегнуваат областа. Националната гарда не одговори веднаш на барањето за коментар. Околностите околу пукањето се нејасни.
Претседателот Доналд Трамп е информиран за пукањето, изјави портпаролката Каролин Левит.
„Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи“, рече Левит. „Претседателот е информиран “, додаде таа.
Малку подоцна, самиот Трамп коментираше за пукањето: „Животното што ги застрела двајцата гардисти – двајцата во критична состојба и веќе се во две различни болници – е исто така сериозно повредено, но без оглед на тоа – ќе плати многу висока цена“, напиша Трамп на Truth Social.
Војници на Националната гарда од неколку држави се наоѓаат во Вашингтон со месеци како дел од кампањата на претседателот Трамп против криминалот во главниот град.
„Сите странци кои влегле во Соединетите Држави од Авганистан под поранешниот претседател Џо Бајден ќе бидат проверени“, рече Доналд Трамп по пукањето и објави дека наредил распоредување на уште 500 војници од Националната гарда во Вашингтон.
„ Овој брутален напад беше чин на зло, чин на омраза и чин на терор. Ова е злосторство против целата наша нација, против човештвото. Како претседател на Соединетите Американски Држави, јас сум решен да се осигурам дека животното што го изврши ова злосторство ќе ја плати највисоката можна цена“, коментираше и американскиот претседател.

