Свет
Запленети 4,5 тони кокаин во Венецуела
Во една од најголемите акции во последно време полицијата во Венецуела заплени четири и пол тони кокаин.
Во една од најголемите акции во последно време полицијата во Венецуела заплени четири и пол тони кокаин.
Во Венецуела полицијата откри осум лаборатории во кои се произведува дрога.
Двајца колумбијци, дилери на дрога, успеале да избегаат надвор од државата откако полицискиот хеликоптер стигнал на локацијата.
„Ова е една од најголемите и најважните операции во борба против криминалците“,соопштија од тамошното министерство за внатрешни работи.
Венецуела е најголемата транзитна рута за Европа и САД преку која се шверцува кокаинот.
Хуго Чавез во повеќе наврати изјави дека конзументите на дрога од САД и Европа се главни фактори за илегална трговија со наркотици./крај/индекс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив: „Американски Залив звучи убаво“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба САД да ја вратат контролата врз Панамскиот канал и да го преземат Гренланд, најголемиот остров во светот, кој е под данска власт.
Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам во ниту едно од нив. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економската безбедност“.
Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.
„Зафаќа голема територија. Американски залив звучи убаво“, истакна тој.
Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, се одржа ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.
Свет
Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, во споредба со сегашната цел од два отсто.
„Секој може да си го дозволи тоа, но тие треба да бидат на 5 отсто, а не 2 отсто“, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
„Јас сум тој што ги натера да платат 2 отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за сопствената одбрана, туку се потпираат на американските даночни обврзници.
Свет
Волстрит журнал: Америка во преговори со Талибанците за размена на затвореници
Администрацијата на Бајден преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од висок профил во заливот Гвантанамо, наводно поврзан со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави Волстрит журнал.
Претставниците на Белата куќа и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањето за коментар за извештајот. Претставниците на авганистанските талибанци, исто така, не реагираа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара враќање на тројцата Американци уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ Глезман и Махмуд Хабиби – во замена за Мухамед Рахим ал Авгани, објави ВЖ.
Корбет и Хабиби беа приведени во одделни инциденти во август 2022 година, една година откако талибанците го зазедоа Кабул поради хаотичното повлекување на САД. Глезман беше уапсен подоцна во 2022 година додека бил на туристичка посета.
Преговорите се водат од јули, според весникот, кој цитира извори кои присуствувале на доверлив брифинг минатиот месец на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.