Свет
Останува затворен аеродромот во Рејкјавик
Главниот аеродром на Исланд најверојатно ќе остане затворен и денеска, поради облакот од вулканска пепел.
Главниот аеродром на Исланд најверојатно ќе остане затворен и денеска, поради облакот од вулканска пепел.
Аеродромот беше за првпат затворен вчера од почетокот на ерупцијата на вулканот на 14. април. Облакот вулканска пепел веќе го покри северниот дел на земјата.
Носен од ветерот овој облак предизвика прекин на воздушниот сообраќај во голем дел од Европа, иако засега не ги погоди аеродромите на Исланд.
Ерупциите на вулканот продолжуваат, но облакот вулканска пепел е многу помал. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мало дете за дел од секунда ќе паднело во вулкан на Хаваите, мајката го зграбила во последен миг
Национален парк на Хаваите издаде ново предупредување до туристите откако мало дете за малку ќе паднало во вулкан. Момчето залутало подалеку од своето семејство и во дел од секундата стигнало до работ на карпа висока 120 метри, се вели во соопштението на националниот парк.
„Неговата мајка, врескајќи, успеала да го зграби кога малото момче било на само триесетина сантиметри од работ“, се додава во соопштението.
Чуварот на паркот Џесика Феракан изјави за Би-Би-Си дека се надева оти споделувањето детали за инцидентот ќе помогне да се спречат идни трагедии.
Килауеа, на Големиот остров на Хаваи, е еден од најактивните вулкани во светот. Редовно еруптира, а последната ерупција започна на 23 декември. Паркот соопшти дека инцидентот се случил на Божиќ во затворен простор каде што семејствата се собрале да ја гледаат лавата.
„Беше во област со поглед на големиот кратер на вулканот. Момчето немаше да го преживее падот“, истакна Феракане. Чуварите на парковите велат дека сакаат да ги потсетат посетителите да останат на патеката и да ги држат своите деца блиску.
„Оние кои ги игнорираат предупредувањата, поминуваат покрај знаците за забрана и влегуваат во затворени области, тоа го прават со голем ризик“, нагласија тие.
Свет
Ајкула уби турист во Египет
Турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, се вели во соопштението на Министерството за животна средина, без да се прецизира националноста на туристите.
Во Црвеното Море има ајкули, но средбите со нив се релативно ретки. Марса Алам е египетски крајбрежен град познат по своите корални гребени и плажи, кој се наоѓа на околу 500 километри јужно од Еилат.
Министерството соопшти дека нападот се случил во длабоко море надвор од областа за капење, додавајќи дека пливањето надвор од областа е забрането.
Свет
Најмалку 15 повредени во Флорида при судир на воз со противпожарно возило
Тројца пожарникари и десетина патници беа повредени во саботата на Флорида кога противпожарно возило со ротациони светла се движело преку шините на патеката на брз патнички воз откако почека да помине друг воз, покажуваат видео снимки од инцидентот.
Од сударот предниот дел на возот беше уништен, и дел од патниците во предниот дел се повредени. Властите соопштија дека тројцата повредени пожарникари се хоспитализирани и во стабилна состојба. Останатите 12 повредени патници од возот се пренесени во болница со полесни повреди.
„Предниот дел на тој воз беше целосно искршен, а имаше дури и некои делови од противпожарното возило заглавени во предниот дел на возот, но тоа го подели автомобилот точно на половина. Го подели противпожарното возило точно на половина, а остатоците беа насекаде“, изјави Емануел Амарал, очевидец на несреќата, пренесе „РСЕ“.
Федералната управа за железници најави дека ќе спроведе истрага. Портпаролот на Националниот одбор за безбедност на транспортот попладнето изјави дека сè уште собира информации за несреќата и дека сè уште не одлучиле дали да истражуваат.