Свет
Баросо : Наскоро помош за Грција

Пакет помош за Грција ќе биде усвоен во наредните неколку дена што ќе спречи понатамошно ширење на кризата во земјите на еврозоната, изјави претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо.
Пакет помош за Грција ќе биде усвоен во наредните неколку дена што ќе спречи понатамошно ширење на кризата во земјите на еврозоната, изјави претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо.
Баросо кој престојува во Кина за отворањето на светската изложба „Експо 2010“ во Шангај, нагласи дека реконструирањето на долгот на Грција или било која земја во еврозоната не е опција за која се размислува.
Претседателот на ЕК Баросо нагласи дека разговарал со кинескиот премиер Вен Џијабао за проблемите со кои се соочува Грција оценувајќи дека Кина не загубила доверба во ЕУ и еврото иако загриженоста за државните долгови се шири низ Европа.
Кинеската Влада не спомнала можност да и помогне на Грција но Баросо објасни дека проблемите со кои се соочува Грција беа показател дека неопходно е да се отстрани економската неурамнотеженост во Европа.
Лидерите на ЕУ, во минатото вината за глобалната економска нерамнотежа ја гледаа во потценетата вредност на кинеската валута јуан благодарејќи на што Кина успеа да обезбеди огромен суфицит во трговската размена со Европа./крај/б92/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.
Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.
Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.
Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.
Свет
Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.
„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.
Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.
„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.
Свет
Трамп испрати помирувачка порака до Иран, доби остар одговор

Повикот за мир кој во понеделникот го упати американскиот претседател Доналд Трамп до Иран е во спротивност со постапките на Соединетите Американски Држави кои го поддржаа бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
Во говорот пред израелскиот парламент во понеделник, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени да склучат мир со Иран, истакнувајќи дека тоа би било „огромно достигнување“, само неколку месеци откако го поддржа бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти од страна на Израел за време на јунската војна.
„Министерот за надворешни работи верува дека желбата за мир и дијалог што ја изрази американскиот претседател е во спротивност со непријателското и криминално однесување на Соединетите Американски Држави кон иранскиот народ“, се вели во соопштението на иранското министерство.
Во понеделник, Трамп изјави дека „ниту САД ниту Израел негуваат никаква омраза кон иранскиот народ“.
„Ние едноставно сакаме да живееме во мир. Дури и на Иран му е подадена рака на пријателство и соработка“, рече тој.
Израел започна невидено бомбардирање против Иран на 13 јуни, при што загинаа високи воени функционери и научници поврзани со нуклеарната програма на Иран, како и стотици цивили. Иран возврати со ракети и беспилотни летала лансирани кон Израел, а војната траеше 12 дена.
По наредба на Доналд Трамп, американските сили бомбардираа три големи нуклеарни објекти во централен Иран на 22 јуни.
фото: принтскрин