Контакт

Свет

Чавес „твитува“ со Обама

Објавено пред

Лидерот на Венецуела, Хуго Чавес, кој неодамна отвори свој профил на социјалната мрежа Твитер, им се придружи на светските лидери кои не се имуни на сличните видови на комуникација по пат на интернет.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на Венецуела, Хуго Чавес, кој неодамна отвори свој профил на социјалната мрежа Твитер, им се придружи на светските лидери кои не се имуни на сличните видови на комуникација по пат на интернет.

Американскиот претседател Барак Обама, кој важи за „махер“ во интернет комуникацијата одамна има профил на Твитер, кој брои 3,8 милиони фанови.

Тој за време на претседателската кампања, активно ја користеше оваа интернет мрежа, по што следеше кратка пауза се до март 2009 година. Сепак признава дека не го апдејтува сам својот профил, туку луѓе кои се задолжени за тоа.

Развојот на социјалните мрежи во политиката не е тајна и се повеќе светски лидери го применуваат овој вид на комуникација.

Според една студија, 15 отсто од светските лидери и владите од 163 земји во светот имаат профили на Твитер.

Дека демократијата очигледно не е неопходен услов покажува и тоа што на интернет социјалните мрежи, свои профили имаат како лидерите на демократските, така и лидерите на автократските општества.

Зад Обама не изостанува ниту рускиот премиер, Владимир Путин кој на својата Фејсбук странa има 52.421 фан. /крај/данас/фф

Свет

ЕУ се соочува со станбена криза

Објавено пред

Становите, поточно нивниот недостиг се голем проблем во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Речиси 900.000 луѓе во Европа моментално се без покрив над главата. Секоја вечер во Европа, населението на Марсеј или Торино е бездомник“, изјави европскиот комесар за енергетика и домување Ден Јоргенсен на првиот состанок на Специјалниот комитет за станбена криза во Европскиот парламент.

„Речиси 10 отсто од населението на Европската унија троши 40 отсто или повеќе од својот приход за домување и поврзани трошоци“, рече тој. Тој додава дека во текот на последните 15 години, кириите во ЕУ се зголемени за околу една четвртина реално, а цените на становите за околу половина.

„Овие бројки, и луѓето зад нив, се суштината на станбената криза во Европа. И мислам дека ќе се согласите со мене: овие бројки се едноставно неприфатливи“, нагласи тој. Тој ги претстави своите планови да и помогне на ЕУ да го реши еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите-членки, станбената криза.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја назначи поранешна данска министерка за енергетика да биде првиот комесар за домување, област во која ЕУ има малку директни овластувања, за да обезбеди поддршка од социјалистите во Европскиот парламент за нејзиниот реизбор.

Признавајќи го овој факт, Јоргенсен нагласи дека „поголемиот дел од одговорноста“ за домувањето е кај земјите-членки и регионалните и локални власти, но исто така тврди дека има „простор за ЕУ ​​на таа маса и дека може и треба да се направи многу“.

Јоргенсен рече дека Комисијата ќе го објави својот прв Европски план за достапно домување. Планот ќе понуди техничка помош за градовите и земјите-членки и ќе се фокусира на инвестиции и вештини.

Комисијата ќе подготви Европска стратегија за домување за поддршка на понудата на станови, ќе воспостави паневропска инвестициска платформа за достапно и одржливо домување, ќе спроведе анализа на влијанието на шпекулациите за домување и ќе ги поддржи земјите-членки да ги удвојат планираните инвестиции во достапно домување во рамките на политиката на кохезија.

Во својот говор напомена дека Брисел не е директно одговорен за станбената политика. Сепак, локалните власти во европските градови вршат притисок за поголема акција на ниво на ЕУ.

Градоначалниците сакаат финансирањето за домување да биде изземено од европските фискални правила кои ја ограничуваат државната потрошувачка. Тие, исто така, сакаат да се прераспределат парите што не се потрошени за закрепнување од пандемијата „Ковид-19“.

Матео Лепоре, градоначалникот на Болоња, посебно нагласи дека во Италија меѓу 10 и 15 отсто од приватните станбени единици се празни.
Во родната земја на комесарот, Данска, растат и кириите и цените на становите. Една од најголемите дански банки, Nykredit, очекува просечните цени на становите во Данска да пораснат за 4,4 отсто оваа година. На пазарот на станови во Копенхаген годинава се очекува зголемување на цените за 6,2 отсто.

Еден начин на кој Данска сака да го реши својот станбен проблем, особено недостигот на прифатливи станови, е да ги претвори привремените студентски станови во достапни и трајни јавни станови.

Во Ирска, цените на куќите минатата година се зголемија речиси двојно повеќе отколку во 2023 година, а бројот на слободни станбени единици падна на историски најниско ниво во јануари 2025 година.

Централниот завод за статистика објави дека цените на становите во декември биле за 8,7 отсто повисоки од претходната година. Тоа значи дека годишната стапка на инфлација во тој сектор во 2024 година речиси двојно се зголемила.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски ФСБ: Украинците планирале да испратат бомби во пакети, ги спречивме

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека спречила серија напади врз воени и цивилни службеници, објави новинската агенција Интерфакс.

dobivaj vesti na viber

Овие тврдења не може да се проверат независно, според Гардијан.

Според ФСБ, „украинските специјални служби“ планирале да испратат експлозивни направи во поштенски пакети.

Прикажи повеќе...

Свет

Руски воен аналитичар: Секој конфликт со НАТО ќе ескалира во нуклеарна војна

Објавено пред

Американски медиуми ги оценија шансите за преживување на рускиот нуклеарен воен брод „Адмирал Нахимов“ во можен конфликт со НАТО алијансата.

dobivaj vesti na viber

Според публикацијата „19FortyFive“, тоа е можно само со поддршка на поморската авијација. Сепак, секој конфликт со НАТО сигурно ќе ескалира во нуклеарен, изјави рускиот воен аналитичар Михаил Поликарпов за „Подмосковие сегодња“.

Според него, површинските бродови на руската флота имаат мали шанси да преживеат, бидејќи ќе станат мети.

„Но, во услови на глобален конфликт со НАТО, кој ќе премине во нуклеарна фаза, НАТО нема повеќе шанси за преживување. Судбината на еден нападнат брод е тажна. И, најверојатно, нема да може да се одбрани од масовен напад со проектили или беспилотни летала“, објаснува аналитичарот за „Подмосковие сегодња“.

Но, во услови на нуклеарен конфликт, кој е неизбежен, тоа повеќе нема да биде толку важно и критично, продолжи Поликарпов.

„Во овој контекст, судбината на Нахимов ќе ни биде многу малку од интерес, исто како што НАТО ќе биде од мал интерес со самиот факт на постоење на европски земји кои се дел од него“, заклучува експертот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа2 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет2 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува Ројтерс

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа2 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој и постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија12 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија18 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија18 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија19 часа

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија20 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија21 час

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија22 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет22 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа23 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет24 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија1 ден

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа1 ден

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет1 ден

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа1 ден

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...