Контакт

Свет

Меѓународен ден на слобода на печатот

Објавено пред

Меѓународниот ден на слободата на печатот – 3-ти Мај се одбележува денеска во светот.

dobivaj vesti na viber

Меѓународниот ден на слободата на печатот – 3-ти Мај се одбележува денеска во светот.Новинарите со акцијата „Пет минути громогласна тишина“ го одбележуваат на денот на слободата на печатот. Со прекин на емитувањето на вести од 11.55 до 12.00 часот, новинарите ќе укажат на проблемите со кои што се соочуваат при вршењето на својата работа и на значењето на пристапот до информациите.Според последниот извештај на невладината организација која ја мери слободата на печатот во 196 земји се вели дека репресивните Влади ја продолжиле тортурата врз „непослушните“ новинари, а многу злосторства врз нив останале неказнети.Македонија во извештајот на „Фридом хаус“ за  2009-година останува во групата делумно слободни држави и се наоѓа на 94-то место.Од поранешните Југословенски републики единствено Босна и Херцеговина и Косово се наоѓаат зад Македонија и тоа  – на 97-то односно 108-то место. Пред Македонија се Србија која го зазема 78-то место, Црна Гора 80-то, а Хрватска 85-то место. Како најлоши на листата на „Фридом хаус“ се Белорусија, Бурма, Куба, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Иран, Либија, Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан.  Во овие земји, според оценката на невладината организација, независни медиуми или не постојат или едвај можат да работат. /крај/бт/со/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски: Сѐ зависи од Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија.

dobivaj vesti na viber

„Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев.

Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје.

„Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој.

Претходно ,Зеленски му испрати порака на Трамп.

„Сакаме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски. „И ние сакаме американскиот претседател да го види тоа. Сакам американскиот народ да го види и почувствува тоа“.

Зеленски нагласи дека сака да го искористи евентуалното 30-дневно примирје со Русија како можност за создавање постојан мировен план.

„Многу е важно да бидеме слушнати за секој да има право да ги изразува и споделува клучните приоритетни прашања“, рече тој.

Тој додаде дека не слушнал ништо за наводната втора покана во Белата куќа за уште една средба со Доналд Трамп.

Претходно денеска, Москва соопшти дека ќе го почека извештајот од американски официјални претставници пред да го коментира предлогот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека денеска ќе разговара со Москва, според медиумите во светот.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани

Објавено пред

25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Тој добил две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго.

Како што е наведено, тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, пренесува АП.

Пукањето се случило на улицата надвор од терминалот 2, а извештајот на локалната телевизија покажал скршен прозорец во близина на просторот за земање багаж.

Според агенцијата, авиокомпаниите што го користат терминалот 2 ги вклучуваат JetBlue, Air Canada и Alaska Airlines.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Нема да се предадам доброволно, набргу сѐ ќе изгледа како распадот на Југославија

Објавено пред

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кому Обвинителството на БиХ му издаде налог за апсење на распит затоа што не одговорил на судските покани, зборуваше денеска на прес-конференција во Бања Лука.

dobivaj vesti na viber

Тој најави дека набргу ќе има средба на високо ниво во Русија и дека ќе побара од нив да стават вето на присуството на ЕУФОР во БиХ, иако нема ништо против тоа.

Тој му порача на генералот на ЕУФОР да се држи до својот мандат и се закани дека Србите не се подготвени да ги толерираат окупаторите.

„Овој Романец, кој се обидува да лажира нешто, е класична окупација“, рече тој мислејќи на командантот на ЕУФОР. Тој исто така рече дека ќе ја прогласи ОХР за криминална организација.

Тој не одговори на прашањето што би направил доколку по него биде распишана меѓународна потерница од Интерпол, туку го нападна новинарот дека не поставил прецизно прашање.

„Што се однесува до мене, ова е свечен ден. За роденден го добив ова како честитка од Сараево, каде што прават харанга против РС. Ние тројца сме шефови на најважните тела во РС. Овде пишува дека сме итно потребни, како да сме Ал каеда. Денеска овде е свечен ден бидејќи се работи за поведување процедура за промена на Уставот. Утврдуваме нацрт, секој има право да предложи нацрт и ќе го финализираме на јавна расправа. Ги повикуваме сите да се приклучат на јавната дебата, која треба да произведе финален документ“, рече тој.

Тој рече дека новиот текст на Уставот на РС не може да биде спротивен на Уставот на БиХ, туку е во согласност со Уставот на БиХ.

Додик потоа ги навреди обвинителите на Обвинителството на БиХ, кои го водат случајот против него, Вишковиќ и Стевандиќ нарекувајќи ги „заеднички муслимански проект“.

„Она што го прави проектот ‘Обединети муслимани’, во врска со обвинителот што ја потпиша оваа наредба, е да ги уништи РС и уставниот поредок на БиХ бидејќи Уставот на БиХ вели дека само Парламентарното собрание може да донесува закони. Ниту еден странски, легален или особено нелегален висок претставник“.

Коментирајќи ја наредбата да го приведат на распит, рече дека тоа за него е „безвредна работа“.

„Не постои закон во кој се направени прекршоците што се обидуваат да ги направат против нас. Не сакаме да учествуваме во тоа, тие кршат сѐ. Ќе видиме каква ќе биде фактичката состојба на крајот. Нема потреба да вознемирувате никого овде. Ние сме решени, а вознемирена е некоја секта што дејствува во Бања Лука“, рече тој коментирајќи ги опозициските политички партии, кои се против потезите на владејачката структура предводена од Додик.

Тој рече дека стапил во сила законот за контрола на невладиниот сектор и најави ново специјално обвинителство.

„РСНА денеска ќе донесе посебен закон за воведување нови институции, специјално обвинителство и суд за заштита на редот, со јасно прецизирани одредби од тој закон, со некои други одредби преку анекси.

Тој вели дека нема да бега никаде.

„Нема удар или мака што не сум подготвен да ги издржам за РС. Додик ќе работи, ќе патува, но никогаш нема да ја напуштам РС. Ако некој мисли дека сме кукавици, тој е во голема грешка. Ние не сме конвертити како оние во Сараево и некои во Бања Лука. Мора да разберете дека не сме исти. Не очекувам некој да го жртвува својот живот за да ме одбрани. РС нема аспирации, повикавме на дијалог и тоа беше исмејувано. Можеби сè уште не е време да кажам дека нема да разговарам со нив, а потоа ќе бидеме во неволја“.

Тој изјави дека политичката ситуација за неколку месеци ќе изгледа како распадот на Југославија.

Тој ја повтори приказната за потребата од разговори исклучиво меѓу домашните лидери по пресудата што му беше изречена.

„Не ја сакавме оваа ескалација, но принудени сме“, рече Додик.

Тој рече дека верува оти СИПА нема да работи во РС бидејќи, според него, нејзината работа е забранета.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија1 час

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија1 час

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија3 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија4 часа

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија4 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет5 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа6 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет7 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија7 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа8 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет9 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа9 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет9 часа

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет10 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија17 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ18 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет19 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет21 час

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...