Свет
Премиерот на Нов Зеланд се извини поради канибалска шега

Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки се извини поради несоодветната шега со која алудираше на канибалското минато на Маорите.
Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки се извини поради несоодветната шега со која алудираше на канибалското минато на Маорите.
Кеј на конференција за туризмот невнимателно изјавил дека кога би присуствувал на вечера на едно маорско племе, веројатно би бил послужен како дел од оброкот.Маорскиот пратеник Те Уруроа Флавел оцени дека шегата е неумесна, но на неа реагирал на духовит начин.
„Значи, најпрво морам да кажам дека Ки најверојатно е во право, но сметам дека не е мудро што тоа го изјавил во вакви околности“, рече Флавел во програмата на државното радио.
Тензиите со припадниците на маорското племе Тухое, што постојат одамна, само се продлабочуваат, посебно поради нивните настојувања да ја вратат во сопственост земјата што им припаѓала, а државата им ја конфискувала пред 150 години. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави денес Укринформ.
Шефот на регионалната администрација на Запорожје, Иван Федоров, ја информираше јавноста преку Телеграм за нападот, во кој беа погодени најмалку шест различни локации во регионалниот центар, објави Укринформ.
Според него, руски беспилотни летала погодиле индустриско претпријатие и територија на гаражна задруга, што довело до големи пожари.
Во нападот немало загинати цивили, а Федоров потврди дека немало жртви, и покрај сериозната материјална штета.
Исто така, нападот предизвикал голема штета на инфраструктурата, но сепак, напорите на воздушната одбрана во Запорожје помогнале да се намали потенцијалната опасност од поголеми последици.
Сегашната состојба во Запорожје е стабилизирана, а властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.
Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачев во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масивниот“ украински напад со беспилотни летала, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер утрово.
Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, во објава на апликацијата за пораки Телеграм, изјави дека никој не е повреден во нападот. Во моментов нема информации дали мостот над реката, петтиот најдолг во Европа, е оштетен.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински беспилотни летала преку ноќ над руска територија и Кримскиот Полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот регион.
Аеродромот во Волгоград беше затворен повеќе од три часа пред сообраќајот да се врати непосредно пред 7 часот наутро по локално време, соопшти рускиот орган за цивилно воздухопловство „Росавијација“.
Свет
(Видео) Силно невреме во Австрија, уништени автомобили

Силно невреме денес предизвикало значителни штети во некои места во Тирол, Австрија. Во округот Швац и поширокиот регион Кицбил биле потребни повеќе интервенции од противпожарните служби, додека во Фиген во Цилертал е забележано силно невреме проследено со град.
Додека низ Фиген течеле надојдени потоци, град искршил бројни автомобилски стакла. На повеќе локации во општината, по попладневното невреме останал слој град дебел неколку сантиметри, кој морал да се отстранува со лопати, а на места и со багери.
Heavy rainfall and flash floods in Tyrol – Austria 🇦🇹 a short while ago 🚨❄️
26-6-2025
📍Fügen, Tyrol ⛈️⛈️Austria pic.twitter.com/4N8DHUTA5E
— sustainme.in®️ (@sustainme_in) June 26, 2025
26-6-2025
📍Fügen, Tyrol ⛈️⛈️Austria pic.twitter.com/3IWooZCjh9— sustainme.in®️ (@sustainme_in) June 26, 2025
Во регионите Пил и Вер паднале повеќе дрвја поради силниот ветер. Во доцните попладневни часови пожарникарите биле повикувани на повеќе интервенции во поширокиот регион на Кицбил, каде што имало навлегување на вода во објекти.
https://twitter.com/i/status/1938261420191211821https://twitter.com/i/status/1938261420191211821
Невреме имаше и во Франција. Две лица загинаа во Франција за време на силните бури што ја погодија земјата по период на екстремни горештини, објавија локалните медиуми повикувајќи се на властите. Во департманот Тарн-е-Гарон на југот на Франција, 12-годишно момче загинало кога врз него паднало дрво додека со семејството се обидувало да се засолни, јави телевизијата BFMTV. Во едно село на северозападот од Франција, возач загинал откако удрил во дрво кое паднало преку патот, јави телевизијата Ici.
‼️39,000 lightening strikes⚡️⚡️
🔴Two killed as floods smash France!🔴In a few seconds, the Eiffel Tower disappeared from sight… Thick clouds and rain obscured the Eiffel Tower#France #BreakingNews pic.twitter.com/LpRmvc3hw9
— Bliss.Of.Yemen (@royaldoc3) June 26, 2025
Во многу делови од Франција температурите се искачиле значително над 30 степени Целзиусови, по што следеле грмежливи бури. Ударите на ветер достигнувале и до 120 километри на час, што предизвикало предупредување за опасни временски услови во 57 департмани.
Во Париз, премиерот Франсоа Бајру ги повикал жителите на погодените подрачја на особено внимание. Според BFMTV, силниот дожд предизвикал навлегување на вода во зградата на парламентот додека пратениците заседавале.
Lots of storm damage in Paris, France tonight…pic.twitter.com/cuym5BSAXs
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) June 25, 2025
На врвот на Ајфеловата кула се измерени ветрови со брзина од 112 километри на час. Обилните врнежи поплавиле многу метро-станици и предизвикале проблеми во сообраќајот во главниот град. Температурата во Париз паднала за 11 степени за само 20 минути.
Свет
Путин за ситуацијата на Блискиот Исток: Се смирува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток се смирува и дека конфликтот меѓу Иран и Израел е минато.
„Сега ситуацијата на Блискиот Исток се смирува, и конфликтот меѓу Израел и Иран, фала му на Бога“, рече Путин на пленарната сесија на Евроазискиот економски форум (ЕАЕУ) во Минск.
Тој изјави дека ЕАЕУ е отворена за соработка со сите заинтересирани партнери.
„Нашето здружение е секогаш отворено за соработка со сите заинтересирани странски партнери. Активно развиваме заемно корисни врски со земјите од Евроазија, Африка, Латинска Америка, зајакнувајќи ги контактите со мултилатералните структури… тоа се БРИКС, ЗНД, ШОС, АСЕАН, Африканската унија и други“, рече Путин.
Минск оваа година ќе претседава со ЕАЕУ (во која членуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан).
Евроазискиот економски форум, кој се совпаѓа со состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, се одржува во Минск од 26 до 27 јуни.