Свет
Во Авганистан убиени пет цивили
Во експлозија на комбе во Западен Авганистан загинаа пет цивили, а осум лица се ранети, соопшти министерството за внатрешни работи.
Во експлозија на комбе во Западен Авганистан загинаа пет цивили, а осум лица се ранети, соопшти министерството за внатрешни работи.
Со комбето патувале патници од провинцијата Фарах до областа Сафед. Бомбашкиот напад е знак дека расте насилството во релативно мирниот западен Авганистан.
„Пет граѓани биле убиени, а други осум се ранети“ соопшти Министерството, објаснувајќи го инцидентот како терористички акт, извршен од непријателите на Авганистан.
Некои од ранетите се во критична состојба. /крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот
Мал авион се урнал само неколку моменти по полетувањето од аеродром во Шкотска.
Инцидентот се случил на аеродромот Фајф денеска нешто пред 12 часот. Како што пишува британски Метро, авионот кој штотуку полетал паднал во ливада во близина на аеродромот.
BREAKING: UK airport plane crash horror as police scrambled to downed aircraft https://t.co/OeksyoW0tg pic.twitter.com/EZD2M1s4Na
— The Mirror (@DailyMirror) December 23, 2024
На местото на падот на авионот пристигнала полицијата и го обезбедила целиот простор, како и екипи за итна помош. Во моментов не се знае колку патници имало во авионот, како и дали има повредени или жртви.
#BreakingNews :-Plane crashes into hill just moments after taking off from #UK airport #PlaneCrash #Fife#Scotlandhttps://t.co/T0U7bRvIQ4
— EBCNEWS (@ebcnewss) December 23, 2024
„Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек“, соопшти шкотската полиција.
Шкотската противпожарна служба испрати добро опремена спасувачка единица на местото на несреќата.
Екипите остануваат на лице место откако дополнителните служби пристигнале со хеликоптер.
Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро
Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.
Свет
Земјотрес на Сицилија
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди Сицилија, јавува „ЕМСЦ“.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар северо-северозападно од Месина, на длабочина од 217 километри.
Земјотресот ја погоди областа во 12 часот и 19 минути, а засега нема информации за евентуална штета.