Свет
Пронајден доказ дека Израел има атомска бомба
Лондонскиот весник Гардиан ексклузивно соопшти дека Израел и понудил на Јужна Африка да и продаде атомска бомба.
Лондонскиот весник Гардиан ексклузивно соопшти дека Израел и понудил на Јужна Африка да и продаде атомска бомба.Весникот соопштува дека тајните документи од времето на јужноафриканскиот аперхејд е првиот официјален доказ дека Израел поседува атомско оружје.Тајниот воен документ го потпишал сегашниот претседател на Израел, Симон Перес со Питер Ботом кои во 1975 година бил јужноафрикански министер за одбрана.Израел и врши притисок на сегашната влада на Јужна Африка да не го тргне знакот строго доверливо од овие документи.Документите ги открил универзитетскиот професор Саша Полаков-Сарански додека ги подготвувал книгите за односот меѓу двете земји, соопштува Гардијан./крај/хи/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

