Свет
НАТО го сели штабот од Брисел во Бон?
Германскиот град Бон, според белгиските медиуми, би можел да стане ново седиште на НАТО.
Германскиот град Бон, според белгиските медиуми, би можел да стане ново седиште на НАТО.
Како што пишува денес белгискиот весник „Либр Белжик“, Бон располага со одлични безбедносни системи во административните комплекси, каде што порано беше сместена владата на Сојузна Република Германија, која по обединувањето на земјата се пресели во Берлин.
Во моментот Германија врши притисок за да го претстави Бон како поизгледна опција од финансиска гледна точка за градење на нов европски штаб на Алијансата, што се планира да се реализира во Брисел.
Германското лоби, поддржано од Холандија, се обидува во своја полза да ја сврти и политичката нестабилност во Белгија.
Одлуката да се изгради нов штаб на НАТО во Брисел датира уште од 2004. година, откако Белгија додели земјиште, а Алијансата требаше да ја финансира изградбата на објектите.
Поранешниот министер за одбрана на Белгија Андре Флао рече дека во НАТО веќе се зборува за евентуално дислоцирање на штабот во Бон. Тој додава дека вистинска причина за преместувањето во Бон е од финансиска природа. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинците првпат заробија севернокорејски војник
Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција.
Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во војната против украинските трупи во рускиот регион Курск.
Потврдата од Јужна Кореја дојде откако на Телеграм кружеше фотографија на која очигледно се гледа ранет и заробен севернокорејски војник. Северна Кореја испрати повеќе од 10.000 војници за да и помогне на Русија, тврдат Киев и Сеул, иако ниту Москва ниту Пјонгјанг не го потврдија или негираа нивното присуство.
„Ова е прво фаќање“, изјави за Би-Би-Си Јанг Ук, научен соработник во Азискиот институт за политички студии. За Украинците е покорисно да ги фатат овие севернокорејски војници и да се обидат да ги разменат со Русите за украински воени заробеници.
Неодамнешните фотографии кои се појавија од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „севернокорејските сили ќе бидат испратени на фронтот од руската команда во голем број“, додаде Јанг. Тој исто така додаде дека „ќе биде тешко да се докаже нивната севернокорејска националност“.
Украинските сили велат дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, а украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец тврдеше дека руски војници биле видени како ги палат лицата на севернокорејците кои загинале во борба, наводно за да го сокријат нивниот идентитет.
Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите во областа Курск во Русија, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ околу Корејскиот полуостров.
Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Неодамнешното распоредување на севернокорејски трупи во Русија е знак за растечкиот сојуз меѓу двете земји.
Кина, долгогодишен сојузник на двете страни, исто така внимателно ја следи ситуацијата.
Свет
ОН: Израелските воздушни напади врз Јемен се алармантни
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународен аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.
Израел потврди дека вчера погодил повеќе цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Медиумите блиски до Хутите јавуваат дека загинале најмалку шест лица.
„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.
Свет
Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина за ставање крај на конфликтот.
Путин, кој оваа недела беше домаќин на словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ, рече дека Фицо, жесток противник на поддршката на Европската унија за Украина, понудил неговата земја да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.
Путин рече дека словачките власти би биле среќни нивната земја да биде платформа за преговори.
„Ние не се противиме на тоа, ако се работи за тоа. Зошто да не? Словачка зазема толку неутрална позиција“.
Словачка е меѓу членките на ЕУ од Централна и Источна Европа кои се скептични за поддршката за Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на војната со Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ја критикуваше Словачка, која граничи со Украина, за пријателскиот тон на Фицо кон Русија по враќањето на власт во 2023 година.
Путин постојано повторува дека Русија е отворена за преговори за ставање крај на војната со Киев, но дека без оглед на тоа ќе ги постигне своите цели во Украина.