Свет
Научниците предупредуваат:Сонцето се буди од сон
Сонцето наскоро ќе стане многу поактивно, а луѓето денеска се многу зависни од технологијата, која што ќе остане стопена во случај на силни сончеви бури.
Сонцето наскоро ќе стане многу поактивно, а луѓето денеска се многу зависни од технологијата, која што ќе остане стопена во случај на силни сончеви бури.
Оваа црна прогноза ги собра неделава научниците во Вашингтон за да усвојат стратегија за можна одбрана, пишува хрватски Индекс.хр.
Сончевите бури се случуваат кога еруптираат сончевите дамки и во вселената праќаат набиени честици, кои што можат да ги оштетат изворите на енергија на планетата. Научниците велат дека моментално нашата најголема ѕвезда минува од мирна во активна фаза.
„Сонцето се буди од длабокиот сон, а во наредните неколку години очекуваме многу поголем степен на активност, изјавил Ричард Фишер од НАСА.
Луѓето од 21 век се потпираат на технологијата, која им помага во секојдневниот живот. Но, електричните мрежи, ГПС, финансиските услуги, интернетот, радиото, телевизијата, сето тоа може да биде подложно на големи штети во случај на сончеви бури.
Се проценува дека една таква бура може да предизвика 20 пати поголема штета од ураганот Катрина, на пример, иако добрата вест е што поголем дел од проблемите можат да се избегнат ако се знае дека бурата доаѓа.
Поради тоа, следењето на временските промени на Сонцето се од пресудна важност. Развојот на технологијата истовремено не е само опасност туку и предност, затоа што временските промени можат да се следат како никогаш досега.
Научниците потврдуваат дека почнува нова ера во која вселенската метеорологија ќе биде подеднакво важна како и онаа на земјата./крај/инд/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражителите ја пронајдоа клучната причина за несреќата во Шпанија
Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.
Според агенцијата, експертите што ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.
Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.
Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка“ е практично исклучена како причина за несреќата.
Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.
фото/епа
Свет
Унгарија: Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија
Иднината на Гренланд не е прашање за Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Прага, додека Унгарија сигнализираше дека нема да поддржи заедничка изјава на ЕУ за ова прашање.
„Сметаме дека ова е билатерално прашање кое може да се реши преку разговори меѓу двете страни… Не мислам дека е прашање на ЕУ“, рече Сијарто откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засили напорите да го преземе суверенитетот над Гренланд од членката на НАТО Данска.
Претходно, Трамп рече дека безбедносните причини се клучни за неговата желба да ја преземе контролата врз Гренланд, сугерирајќи дека Русија и Кина би можеле да ја преземат контролата врз Арктикот ако Вашингтон не го стори тоа.
Заканата на Трамп да воведе царини за осум европски земји доколку не го поддржат неговиот план за купување на Гренланд предизвика шокови.
Тој објави дека ќе воведе царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави на 1 февруари, која ќе се зголеми на 25 проценти од летото доколку не се постигне договор. Не е јасно дали царините ќе бидат дополнителни на постојните давачки.
Франција и Германија, кои се дел од група од осум земји во која се и Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија и Финска, изјавија дека ЕУ треба да биде подготвена да одговори доколку Трамп ги спроведе најавените мерки.
фото/ Depositphotos
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

