Контакт

Свет

Анализа на Институтот Стратфор – Можни сценарија за Киргистан

Објавено пред

Ситуацијата во Киргистан и натаму е напната по ескалацијата на етничкото насилство помеѓу Узбеците и Киргизите на југот на земјата, додека во Кремљ продолжуваат консултациите за тоа како да се реагира.

dobivaj vesti na viber

Ситуацијата во Киргистан и натаму е напната по ескалацијата на етничкото насилство помеѓу Узбеците и Киргизите на југот на земјата, додека во Кремљ продолжуваат консултациите за тоа како да се реагира. Русија за сега го отфрли барањето на привремениот лидер на Киргистан, Роза Отунбајева, за испраќање на руски трупи за да се воведе ред. Москва, исто така, одржа и итен состанок на Организација на договорот за колективна безбедност (ЦСТО), блок под доминација на Москва во кој членуваат и Узбекистан и Киргистан.  Неодлучноста на Русија унилатерално да интервенира стана очигледна уште кога шефот на ЦСТО, Николај Бордјужа на 14 јуни изјави дека Киргистан има „доволно човечки потенцијал да се справи со ситуацијата, но му недостасува специјализирана опрема“, индикација дека Москва не трча да испрати војска во овој момент. Во меѓувреме, член на киргиската привремена влада изјави дека „секој што ќе понуди помош ќе биде добредојден и испратен на југ“.Изворите на Стратфор во Централна Азија велат дека се можни неколку сценарија во регионот  во наредните денови. Едната е дека нема да има интервенција однадвор и насилствата ќе се смират сами од себе. Ова не е многу веројатно бидејќи фундаменталната причина за насилствата, измешаноста на етничките групи, особено во јужните региони Ош и Џалал Абад, ќе остане со што ќе остане и можноста (поточно, веројатноста) насилствата повторно да избувнат. Второто сценарио е дека Русија ќе испрати свои трупи во земјата. Најголемиот дел од киргиското население на Русија гледа како на единствената сила која е способна да го врати редот и сигурноста во земјата. Но, Узбекистан е многу недоверлив кон ова сценарио, бидејќи Ташкент, мисли оти тоа може да создаде руско воено присуство не само внатре во земјата, во близина на узбекистанската граница, туку и внатре во самиот Узбекистан. Директна руска воена интервенција може да поттикне узбекистанска инвазија на Киргистан, која може земјата да ја подели на два или повеќе делови. Русија знае дека ова сценарио може да доведе до војна со Узбекистан, нешто што не и е потребно на Москва во овој момент. Третото сценарио е тоа дека ЦСТО ќе испрати заеднички трупи, опција за која најмногу се залага узбекистанската влада. Овие трупи најверојатно би биле составени од казахстанскиот контингент на ЦСТО. Иако поголемиот дел од трупите најверојатно би биле етнички Руси, тие сепак ќе бидат казастански граѓани. Овие трупи би биле подлежни на правилата на ЦСТО (како што е мировничкиот мандат со строги правила за ангажман) и, како членка на ЦСТО, Узбекистан барем номинално би имал глас за тоа како да се распределат мировниците. Четврто сценарио е да се повикаат меѓународни мировници, најверојатно под водство на САД или Европа или под покровителство на Обединетите нации. Според изворите на STRATFOR во Москва, Узбекистан веќе се заканил дека ќе ја искористи токму оваа опција, поточно ќе ги замоли Обединетите нации да испратат мировници, ако Русија испрати свои трупи во земјата. Оваа опција е исклучително неверојатна. Последното нешто што Русија го посакува е европски или американски војници да патролираат во долината Фергана, ниту, пак, Европа или САД ги имаат потребните ресурси да се впуштат во уште една воена авантура. Безбедносната ситуација во Киргистан останува многу несигурна, додека зад кулисите во Москва се разгледуваат сите четири опции. Она што засега е јасно е дека киргиските сили за безбедност самите не се способни да го сопрат насилството и немирите и сите очи сега се вперени во регионалните сили, а Узбекистан и Русија, во очекување на нивните наредни потези. /крај/сс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Објавено пред

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.

dobivaj vesti na viber

Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.

Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.

Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Ајатолахот е мртов

Објавено пред

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:

dobivaj vesti na viber

„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“

„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Објавено пред

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.

dobivaj vesti na viber

Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.

Градот беше евакуиран по инцидентот. Луѓето се засолнуваат во подземните паркинзи.

Како што пренесуваат странските медиуми има повредени лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет38 минути

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет2 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија2 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет3 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет15 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...