Свет
11 бебиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Сенегалскиот претседател Меки Сал изјави дека 11 новороденчиња загинале во пожар во регионалната болница во Тивауан.
Сал изјавил дека сè се случило на одделот за неонатологија.
„Само што дознав дека 11 новороденчиња загинаа во пожар што избувна во неонатолошкиот оддел на болницата.
„Изразувам најдлабоко сочувство до нивните мајки и до семејствата,“ додаде Сал, кој моментно е во државна посета на Ангола.
Градоначалникот на Тивауан рече дека полицијата и противпожарната служба сè уште работат. Сенегалскиот министер за здравство, Абдулаје Диуф Сар, изјави за приватната сенегалска телевизија ТФМ дека според прелиминарната истрага пожарот настанал по краток спој, пренесува „Ројтерс“.
#BREAKING 11 babies killed in Senegal hospital fire: president pic.twitter.com/LxAVxS2m46
— AFP News Agency (@AFP) May 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска

Членките на НАТО денеска ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воената алијанса на церемонија во седиштето на НАТО во Брисел. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хаависто ќе учествуваат на церемонијата заедно со претставници на 30 членки на западната воена алијанса.
Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да издаде официјална покана до Шведска и Финска да се приклучат кон Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае. Потенцијалните членки мора да ги поминат протоколите, процес кој обично ги вклучува националните парламенти. Се проценува дека ќе бидат потребни уште шест до осум месеци пред Шведска и Финска да влезат во НАТО.
Протоколите за пристап можеа да бидат потпишани порано, но Турција се согласи во последен момент пред почетокот на самитот на НАТО во Мадрид минатата недела да се откаже од своето противење за прием на нордиските земји.
Анкара ги обвини Стокхолм и Хелсинки за поддршка на Курдистанската работничка партија (ПКК) и милицијата ЈПГ со седиште во Сирија, кои Турција ги смета за терористички групи. Двете земји ги отфрлија обвинувањата.
Потресени од руската инвазија на Украина, Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО на 18 мај. Но, Турција ја блокираше нивната кандидатура со недели поради стравувањата поврзани со тероризмот. Имено, за секое ново влегување во НАТО потребно е едногласност на сите членки.
Блокадата заврши откако тројцата водачи се согласија да соработуваат на низа напори за борба против тероризмот, вклучително и договори за екстрадиција и откако ветија дека ќе го укинат ембаргото за оружје.
Свет
Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, предградие на Чикаго.
„Роберт Е Кримо III (22) е приведен по кратка потера“, соопшти полицијата.
Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите користејќи пушка со голема моќност, јавува Би-Би-Си.
Ова е последното масовно пукање што ги погоди САД. Од почетокот на 2022 година, секоја недела има по едно масовно пукање. Претседателот Џо Бајден рече дека е шокиран од насилството.
Неколку часа подоцна, двајца полицајци беа ранети во пукање во Филаделфија за време на огномет на 4 Јули.
Вооружениот напаѓач отвори оган на парадата, во близина на градот Чикаго, околу 10:15 часот по локално време, само неколку минути по нејзиното започнување.
Гувернерот на Илиноис Џеј Роберт Прицкер предупреди дека масовните престрелки стануваат американска традиција.
„Ќе има луѓе кои ќе кажат дека денес не е тој ден, дека сега не е време да се зборува за оружје. Ви велам дека нема подобар ден и подобро време од овде и сега“, рече демократскиот гувернер.
Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да се бори против „епидемијата на оружено насилство“ во земјата.
– Нема да се откажам – рече тој говорејќи пред Белата куќа во Вашингтон.
Свет
(Видео) Масовно пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот и натаму е во бегство

Празничната парада во САД на 4 јули се претвори во хаос, врескање и паника кога имаше пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис.
На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели проследени со паника.
?|BREAKING NEWS: Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, Illinois pic.twitter.com/QImMHHU2Lc
— News For All (@NewsForAlI) July 4, 2022
Најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, информираа од полицијата.
Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земјата.
My video.. I was at #Highland Park parade.. Terrified people fleeing July 4th parade when shooting started. pic.twitter.com/DSe0NJOuem
— Lynn Sweet (@lynnsweet) July 4, 2022
Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-ен-ен дека слушнал 20-25 истрели.
Напаѓачот пукал од врвот на една од околните згради и сѐ уште не е уапсен.