Контакт

Свет

Американската полиција идентификува со помош на Iphone

Објавено пред

Американската полиција почна да ја користи апликацијата на Iphone за да ги фотографира осомничените за кривични дела што е можност во истиот миг да се прoвери во базата на криминалци.

dobivaj vesti na viber

Американската полиција почна да ја користи апликацијата на Iphone за да ги фотографира осомничените за кривични дела што е можност во истиот миг да се прoвери во базата на криминалци.

Апликацијата користи софтвер за распознавање на лица и доколку фотографијата на осомничениот се поклопи со некоја од базата на податоци, полицијата за неколку секунди може да го индентификува лицето.

Системот „МОРИС“  е во употреба неколку години но ова е прв пат полицијата да ја користи  Iphone комбинацијата на едноставен интерфејс и врвната технологија.

Оваа апликација најпрвин ќе ја користи единицата за борба против бандите во Броктон а доколку се покаже како успешна, ќе се користи и во другите полициски сектори, пренесува полицијата.

Покрај оваа функција во план е додавање на систем за препознавање на рожницата на окото и отпечатокот од прстот.

Од компанијата која го развила овој уред „BI2 Tehnologies“ велат дека конечно МОРИС овозможи алатка која и е неопходна на полицијата на улица и дека очекуваат дека ќе помогне во откривањето на криминалците, а особено на илегалните емигранти./крај/сх/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Пукање во болница во САД, напаѓачот е во бегство

Објавено пред

Американската полиција соопшти дека имало пукање во болница во државата Мичиген.

dobivaj vesti na viber

Се уште се трага по напаѓачот, пренесуваат светските агенции.

Полициската управа го потврди пукањето во болницата Corewell Health Beaumont Troy во објава на социјалната мрежа X.

„Се чини дека ова е изолиран инцидент, но осомничениот не е уапсен“, се вели во соопштението на полицијата.

Болницата соопшти дека најмалку едно лице е повредено, додека официјалните лица побараа од јавноста да ја избегне областа.

Училиштата во градот се заклучени, но наставата се уште се одржува.

Се уште не се познати детали за тоа што го предизвикало инцидентот и дали има повредени или жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.

dobivaj vesti na viber

„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.

„Оние кои сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

„За нашите браќа“: граѓаните во Белград во редици за да дадат крв за повредените во пожарот во Кочани

Објавено пред

Во Институтот за трансфузија на крв во Србија има долги редици хумани белграѓани кои трпеливо чекаат да даруваат крв за, како што велат, нивните браќа, сите млади повредени во страотниот пожар во Кочани, кој ја остави во црно Македонија и целиот регион. Дел од повредените во страшниот пожар се пренесени на лекување во неколку соседни земји, меѓу кои и во Србија, во Ургентниот центар во Белград, како и во Воено-медицинската академија (ВМА), но и во болниците во Ниш.

dobivaj vesti na viber

На улицата Свети Сава 39 во Белград има гужви по ходниците, по скалите, во чекалните, луѓето се трпеливи за да ги направат сите лекарски прегледи и доброволно да даруваат крв. По ходниците е молк, се слушаат само лекари кои повикуваат на хумани доброволни дарители, пренесуваат српските медиуми.

Вчера и денеска на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа за долгите колони и големиот одѕив во Институтот за трансфузија на крв во Србија.

Во просториите на Институтот, граѓани за „Блиц“ раскажуваат како биле погодени од оваа страшна трагедија, а дел од нив денеска за прв пат даруваат крв.

Во нивните очи се гледа огромна солидарност и тага, некои останаа без зборови, повторувајќи само дека вакво нешто никогаш повеќе не треба да се повтори на Балканот, пишува медиумот.

Има и такви кои за прв пат доброволно даруваат крв, а еден од нив е и Милош Делиќ од Белград.

„Денеска сум првпат овде, но мојата сопруга е од Македонија и кога видов што се случи, секој од нас треба да дојде да даде крв и да помогне колку што можеме. Нејзин близок пријател беше пејачот Андреј од групата ДНК, кој за жал загина додека им помагаше на децата во пожарот. Во куќата има тага, но ќе помогнеме колку што можеме“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија2 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија4 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија5 часа

„Сите те сакаа тебе, златно дете“ – музичкото училиште во Струмица се прости со тапанарот на ДНК

Во основното музичко училиште во Струмица се одржа комеморација за Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК, кој загина во пожарот...

Македонија6 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија7 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија8 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија8 часа

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија8 часа

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија10 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ10 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија10 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион11 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија12 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ13 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија21 час

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија1 ден

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија1 ден

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија1 ден

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија1 ден

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...