Контакт

Свет

Микрочип за живот до 120 години

Објавено пред

Италијанските научници најавуваат микрочип кој ќе ги предупредува луѓето дури и за најмалата аномалија во телото и со самото тоа превентивно ќе делува на здравјето, пренесе Анса.

dobivaj vesti na viber

Италијанските научници најавуваат микрочип кој ќе ги предупредува луѓето дури и за најмалата аномалија во телото и со самото тоа превентивно ќе делува на здравјето, пренесе Анса.

Овој мал уред кој би можел да го продолжи животниот век дури до 120 години, би бил вграден под кожата и би испраќал сигнали до научниот центар во кој лекарите би го проучувале, известувале и лечеле пациентот, без разлика каде тој се наоѓа.

Проектот наречен „Quo Vadis“ вреди 12 милиони евра и предвидува изградба на истражувачки центар кој ќе се простира на 550.000 квадратни метри а ќе се наоѓа во близина на Верона.

Италијанскиот свештеник Луиџи Верзе, кој е иницијатор на центарот раскажал дека во реализацијата на центарот се консултирани најголемите светски научници и дека во центарот ќе можат да ги предвидат сите патологии со кои една личност може да се соочи во текот на животот./крај/см/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Објавено пред

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали откако излета од пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна агенција.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во неделата во 9:03 часот по локално време кога летот на Jeju Air од Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот слетувал на меѓународниот аеродром Муан на југозападот на земјата.

Авионот се излизгал од пистата при слетување, удрил во жичена ограда и ѕид и се запалил, објави Ројтерс.

Противпожарната служба предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи авионот е тешко оштетен. На фотографиите од јужнокорејските медиуми се гледаат остатоците од авионот во пламен и чад.

Опремата за слетување на Боинг 737-800 откажа, најверојатно поради удар на птица, шпекулира новинската агенција Јонхап. Пилотот наводно не успеал да слета при првиот обид, па се обидел да го подигне авионот и да слета повторно.

Портпаролот на Jeju Air рече дека тие сè уште собираат информации за несреќата. Боинг не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за несреќата, а потоа изрази сочувство за починатите.

Прикажи повеќе...

Свет

Турскиот и американскиот шеф на дипломатијата разговараа за соработка со новата сириска влада

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи денеска разговараше со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за потребата од соработка со новата сириска администрација за да се обезбеди уредно завршување на преодниот период, соопшти турското министерство.

dobivaj vesti na viber

Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да ја користи Сирија како засолниште, откри портпаролот на Министерството.

САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.

За време на повикот, Блинкен ја истакнал потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивната и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Блинкен и Фидан разговараа и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

„Гаспром“ најави дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија

Објавено пред

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Како што е најавено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за снабдување со Молдавија.

Русија, преку Украина, ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.

Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.

Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, откако Киев објави дека нема да го продолжи договорот за транзит со Гаспром.

Суспендирањето на испораките на Молдавија го означува почетокот на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали откако излета од пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти...

Македонија27 минути

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија13 часа

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ13 часа

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија17 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет17 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија22 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија1 ден

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет1 ден

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет1 ден

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија2 дена

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија2 дена

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија2 дена

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет2 дена

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет2 дена

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...