Свет
Најмалку 90 лица настрадаа во поплавите во јужна Кина
Најмалку 90 лица настрадаа, а 50 се водат како исчезнати во поплавите кој го погодија јужниот дел на Кина, соопштија кинеските службеници.
Најмалку 90 лица настрадаа, а 50 се водат како исчезнати во поплавите кој го погодија јужниот дел на Кина, соопштија кинеските службеници.
Од четвртокот заради поплавите, предизвикани од обилните дождови евакуирани се повеќе од 1,4 милиони лица, пренесе српски Блиц.
Според податоците на канцеларијата за одбрана од поплави, од невремето погодени се 5,5 милиони лица во девет провинции и области во јужниот дел на Кина, пренесува АП.
Сезоната на дождови започна во мај, по најголемата суша која ги зафати јужните кинески провинции во последните сто години.
Дождовите предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето, оштетување на сообраќајниците и прекин на доводот на електрична енергија како и оштетување на резервоарите за вода, штетата е проценета на 400 милиони долари.
Оваа година во поплавите во Кина до сега загинаа 200 лица./крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

