Свет
Во американски напад во Пакистан најмалку 11 мртви
Најмалку 11 екстремисти загинаа во два напади од американско беспилотно летало во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните службеници.
Најмалку 11 екстремисти загинаа во два напади од американско беспилотно летало во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните службеници.
„Загинаа 11 ветерани за тројца се повредени во напад од американско беспилотно летало“, рече пакистански безбедносен службеник, чие име не се открива.
Нападот од авионот беше насочен кон селото Инзарабад во Северен Вазиристан каде што се наоѓаат талибански упоришта поврзани со терористичката организацијата Ал-каеда.
Американската Централна разузнавачка служба (ЦИА) редовно спроведува акции во Северен Вазиристан против талибанци и членови на Ал-каеда.
Од август 2008 година, во околу 100 американски напади загинаа повеќе од 900 лица, според податоците на пакистанската војска./крај/бета/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

