Свет
Масовен штрајк поради ригорозните мерки на штедење на Берлускони
Десетици илјади демонстранти простестираа низ италијанските градови во рамките на општиот штрајк кој го организира најголемиот италијански синдикат CGIL, пренесе Ројтерс.
Десетици илјади демонстранти простестираа низ италијанските градови во рамките на општиот штрајк кој го организира најголемиот италијански синдикат CGIL, пренесе Ројтерс.
Протестите се поради незадоволството заради острите мерки на штедење кои во мај ги донесе владата на премиерот Силвио Берлускони.
Од членовите на лево ориентираниот синдикат CGIL, кој брои околу шест милиони членови, околу 40.000 се собраа во Рим, а 80.000 во Милано и уште неколку градови.
Демонстрантите се обидуваат да ја натераат владата повторно да го преиспита пакетот мерки за штедење кој изнесува околу 25 милијарди евра за кои Берлускони објасни дека се еден од темелните потези за да се спаси еврото.
Аналитичарите сметаат дека штрајкот е тест на моќта на Берлускони чија популарност е видно намалена поради се поголемата невработеност во земјата и фактот дека Италија се бори да излезе од рецесијата./крај/хи/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.