Свет
Загинаа 10 луѓе во бурата Алекс во Централна Америка

Најмалку 10 луѓе загинаа во тропската бура Алекс која во текот на викендот помина низ централно американските држави Никарагва, Гватемала и Салвадор, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето и се заканува во наредните 48 часа да прерасне во ураган.
Најмалку 10 луѓе загинаа во тропската бура Алекс која во текот на викендот помина низ централно американските држави Никарагва, Гватемала и Салвадор, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето и се заканува во наредните 48 часа да прерасне во ураган. Бурата Алекс прво значително ослабе во неделата наутро а потоа во текот на денот повторно се засили, соопштија властите. Вчера во текот на претпладнето, бурата помина низ мексиканскиот полуостров Јукатан. Силните ветрови на Алекс во текот на ноќта достигнаа јачина од 75 километри на час и поминаа низ Мексиканскиот залив на околу 100 километри југоисточно од Кампес, соопшти американскиот Центар за урагани со седиште во Мајами, на Флорида. „Алекс се засили и може да прерасне во ураган во наредните 48 часа,“ наведе американскиот центар. Иако не се очекува дека бурата директно ќе ја погоди зоната со нафтената дамка близу американскиот брег во Мексиканскиот залив, таа би можела да ја наруши операцијата на собирање на излеаната нафта, соопшти NHC./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Вучиќ уште еднаш потврди дека тој е изворот на стабилноста и силата на Западен Балкан

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им се заблагодари на Србија и нејзиниот претседател за денешната поддршка и рече дека кога политиката ја засновате на принципи, вистина, право и правда, кога сакате добро за својот народ и не сакате ништо лошо за другите – тогаш сте лидер, како Александар Вучиќ.
Вучиќ потврдува дека е човек кој е извор на стабилност и сила на Западен Балкан, човек кој реално ги гледа работите и ја отвора вратата за компромиси, разбирајќи ги легитимните интереси на сите – не наметнувајќи ништо никому“, напиша Додик на платформата Икс.
Тој посочи дека Србија, изградена со несебичните напори на Вучиќ, е столб на мирот и стабилноста.
„Таква Србија е исто така симбол на економскиот напредок и развој. Моќна и силна под негово водство, таа е и силна поддршка за Република Српска“, рече Додик.
Претседателот на Република Српска истакна дека таква Србија им пречи на оние кои би сакале да го видат српскиот народ на колена, но таква слика нема да видат.
„Србија на чело со Вучиќ оди со крената глава, горда и свесна за својата историја и својата иднина. Затоа блокадите треба да престанат и Србија да се собере и да го избере Александар Вучиќ“, вели Додик и посочува:
„Ние сме им благодарни на претседателот Александар Вучиќ и на Србија за нивната поддршка, што и овојпат се одразува во јасна и принципиелна комуникација со Интерпол, во однос на обидот од Сараево да ги ограничи меѓународните контакти на врвот на Република Српска.
Тој изјави дека притисоците и злоупотребите на меѓународните институции не смеат да бидат средство за политичка борба во Босна и Херцеговина.
„Александар Вучиќ останува рационален глас на стабилноста, дијалогот и мирот во регионот. Неговата формула – дијалог, договор и почитување за сите без наметнување – е единствениот можен пат до решение и излез од кризата“, јасен е Додик.
Претпоставувам, вели претседателот на Република Српска, досега им станало јасно, а ако не – доволно ќе биде, дека никого нема да исплашат и ништо да постигнат со притисоци и уцени.
„Само околностите ќе го направат дијалогот уште покомплексен и отежнат. Затоа избираме одговорност и разум, а не уцени и авантуризам“, изјави Додик, пренесува Танјуг.
Свет
Кремљ: Во разговорите на Путин со Трамп не беше спомената привремената администрација во Украина

Претседателите на Русија и Америка, Владимир Путин и Доналд Трамп, во телефонскиот разговор не ја разгледале идејата за воведување привремена администрација во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Оваа тема не беше ни иницирана во разговорот меѓу делегациите на Русија и САД во Саудиска Арабија, додаде тој.
„Тоа е гледиштето на претседателот на Русија, кое се заснова на неоспорни факти за вистинската состојба на работите во Украина во моментот“, изјави Песков за новинарите.
Рускиот лидер Владимир Путин за време на работната посета на регионот Мурманск изјави дека смета оти една од опциите да почне дискусија за воведување надворешна меѓународна администрација во Украина е со цел одржување демократски избори.
Тој наведе дека во меѓународната практика веќе има примери кога „во рамките на мировните операции на ОН неколкупати е формирана надворешна администрација, или привремена администрација“.
Како пример Путин ги наведе Источен Тимор, Папуа Нова Гвинеја и одредени делови од поранешна Југославија.
Тој исто така рече дека Москва наведува дека украинското раководство нема контрола над вооружените сили.
Свет
Се стравува дека има стотици мртви, огромна штета предизвикана во разорниот земјотрес во Мјанмар

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди Мјанмар, предизвика страв од стотина мртви, изјави член од спасувачкиот тим за Би-би-си.
„Бројот на загинати е исто така многу голем. Тоа е сè што можеме да кажеме во моментот бидејќи спасувачките напори сè уште се во тек“, рече тој.
Во Мјанмар непрекинато се слушаат сирените на амбулантните и на противпожарните возила.
Воената хунта, која управува со Мјанмар, претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот бил недалеку од Мандалеј, вториот по големина град во земјата, и дека луѓето треба да очекуваат нови потреси во следните шест часа.
Вонредна состојба е прогласена во регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, североисточниот дел на државата Шан, Баго и Најпидау.
Според очевидци, има многу урнати згради, вклучувајќи хотел, мост, училишта за стари лица и мниогубројни домови во Мандалеј, Сагаинг и во јужната држава Шан.
Автопатот Јангон – Мандалај исто така беше оштетен на некои делови, вклучително и мостови, а возила стоеја на патот.
Според Црвениот крст, во областа околу епицентарот нема струја и интернет, што ги отежнува нивните напори да се утврди точното ниво на штетата.
И пред овој разорен земјотрес, хуманитарната ситуација во Мјанмар беше страшна.
Регионот Сагаинг, недалеку од епицентарот, е нестабилно, клучно бојно поле во граѓанската војна.
Тоа е упориште на продемократските групи на отпорот, кои се борат за соборување на воената хунта, која ја презеде власта со државен удар на 1 февруари 2021 година. Се проценува дека повеќе од 3,5 милиони луѓе се раселени од своите домови поради граѓанската војна. Гладот достигна алармантно ниво.
Пред земјотресот ОН предупредија дека на речиси 20 милиони луѓе, една третина од населението, ќе им биде потребна помош. Сега ситуацијата е многу полоша.
Според истражувањето на Би-би-си, многубројни групи го контролираат Сагаинг и другите делови на Мјанмар, што би можело да ги направи спасувачките напори проблематични.
Истрагата откри дека воената хунта моментно има целосна контрола врз помалку од четвртина од земјата.
По преземањето на власта со државен удар, војската на Мјанмар исто така ја изолира земјата од надворешниот свет.
Независните медиуми се ефективно забранети, а активностите на меѓународните хуманитарни групи се ограничени. Намалувањето на американската странска помош сериозно го погоди и Мјанмар.
Земјотресот е почувствуван и во Бангкок, главниот град на Тајланд, каде што исто така е причинета голема материјална штета.
Таму се урна зграда во изградба, а во урнатините останаа заробени 70 работници.
Во објава на „Фејсбук“, Националниот институт за итна медицина на Тајланд соопшти дека во моментот на уривањето во зградата имало 320 работници, а 20 од нив останале заробени во лифтовите.
Бројот на загинатите не е познат, а на местото на настанот е поставена теренска болница додека спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани.