Свет
Кина: 42 жртви при лизгање на земјиште

Спасувачите кои работат на местото на големото лизгање на земјените маси на крајот од јуни во јужна Кина, откриле тела на 42 лица. Други 57 се сметаат за исчезнати, пренесува „Ксинхуа“, повикувајќи се на владини извори.
Спасувачите кои работат на местото на големото лизгање на земјените маси на крајот од јуни во јужна Кина, откриле тела на 42 лица. Други 57 се сметаат за исчезнати, пренесува „Ксинхуа“, повикувајќи се на владини извори. Лизгањето на земјиштето кое се случи на 28 јуни, го поклопи селото Дачаи во провинцијата Гуичоу. Под лавината од камења и земја се наоѓаат околу 100 лица. Според локалните жители, меѓу закопаните во земјените маси има најмалку 30 деца од локалното основно училиште. Луѓето немале никакви шанси за спасување, бидејќи нивните куќи биле затрупани за неколку минути, пренесуваат агенциите. На местото на несреќата работат повеќе од 700 спасувачи. Операцијата се усложнува од нови лизгања на земјиштето, а од регионот се евакуирани околу 1.000 луѓе./крај/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ФБИ изврши претрес во домот на поранешен советник на Трамп, кој долго време е негов жесток критичар

ФБИ денеска упадна во домот на Џон Болтон во Мериленд и изврши претрес. Болтон беше советник за национална безбедност за време на првата администрација на Трамп.
Според Асошиејтед Прес, рацијата е дел од истрагата за ракување со класифицирани документи. Иако претресот беше потврден од анонимни извори, Болтон не беше уапсен, а извршната канцеларија на ФБИ и Белата куќа не издадоа никакви соопштенија.
По напуштањето на администрацијата на Трамп, Болтон се профилираше како жесток критичар на сегашниот претседател. Според Ројтерс, Трамп претходно му ја укинал заштитата од Тајната служба, а Болтон изразил „разочарување, но не и изненадување“ од потегот.
фото: принтскрин
Свет
Шефовите на „Адидас“ отидоа во мексикански град за да се извинат: Ја присвоивме идејата за сандалите

Шефовите на „Адидас“ вчера посетија град во домородните краеви во јужно Мексико за да се извинат за дизајнирањето обувки инспирирани од традиционални кожни сандали, откако мексиканската влада ја обвини компанијата за културно присвојување.
Германската компанија за спортски обувки и облека испрати претставници од својата мексиканска подружница во Вила Идалго Јалалаг, град во државата Оахака, за да се извинат лично, откако тоа го сторија писмено минатата недела.
Проблемот се појави откако чевлите „Oaxaca Slip On“, дизајнирани од мексиканско-американскиот дизајнер Вили Чаварија, предизвикаа негодување кај домородците бидејќи многу личеа на нивните традиционални рачно изработени сандали „huarache“.
„Длабоко жалам што чевлите беа присвоени во овој дизајн, а не развиени во директно и значајно партнерство со заедницата на Оахака“, рече Чаварија во изјава испратена до „Би-Би-Си“.
Тој рече дека намерата отсекогаш била да се оддаде почит на силниот културен и уметнички дух на Оахака и нејзините креативни заедници. Мексиканскиот претседател беше меѓу оние кои се спротивставија на обувките, кои наводно биле направени во Кина без консултации или признание на заедниците што ги создале дизајните.
„Разбираме дека оваа ситуација можеби предизвикала непријатност и затоа јавно се извинуваме“, рече Карен Гонзалез, раководител на правни работи во Адидас Мексико. Во градот Вила Идалго Јалалага, неколку десетици луѓе се собраа на отвореното спортско игралиште за да ги слушнат претставниците на Адидас. На настанот беше изведена традиционална музика, а луѓето носеа традиционални носии.
Гонзалез спомена дека во иднина Адидас ќе се обиде да соработува со Вила Идалго Јалалага со цел да се гарантира почитувањето на културното богатство. Таа заедница има нешто помалку од 2.000 луѓе. Градоначалникот Ерик Фабијан му се заблагодари на „Адидас“ за одржувањето на ветувањето.
На почетокот на месецот, мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум на прес-конференција изјави дека „големите компании често земаат производи, идеи и дизајни од домородните заедници“ и дека владата го разгледува правниот дел за да ги поддржи.
Културното присвојување се дефинира како непризнаено или несоодветно усвојување на обичаи, практики, идеи на една нација или општество од страна на членови на типично доминантна нација или општество.
Регион
Две жени се удавија во морето во Бугарија

Два смртни случаја во вода се регистрирани денес на јужниот брег на Црното Море.
Околу 12.50 часот 56-годишна жена од Софија се удавила во незаштитениот дел од плажата „Делфин“ во близина на Ахтопол.
Еден час подоцна, околу 13.20 часот, на јужната плажа во Поморие, во морето почина 72-годишна туристка од Финска, која пристигнала во Бугарија на 16 август со својот сопруг.
Во двата случаја телата се однесени на обдукција во Одделот за судска медицина при Универзитетската болница во Бургас. Работата за расветлување на околностите продолжува.