Свет
Убил тројца луѓе во Мекдоналдс
Во еден драјв -ин на Мекдоналдс во градот Порво во јужна Финска најпрво дошло до вербален судир на повеќе мажи, а потоа еден од нив извадил пиштол и убил тројца.
Во еден драјв -ин на Мекдоналдс во градот Порво во јужна Финска најпрво дошло до вербален судир на повеќе мажи, а потоа еден од нив извадил пиштол и убил тројца. Инцидентот се случил во раните утрински часови во вторникот и пред да започнат пукотниците имало жестока расправија. Двајца мажи биле убиени на местото на настанот, додека еден во текот на попладнето им подлегнал на повредите. Финската полиција фатила тројца осомничени кои учествувале во инцидентот, на автопат, а кај едниот од нив бил пронајден пиштол. Од полицијата известуваат дека во расправијата и пресметката главна улога имал алкохолот./крај/данас.хр/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето
Во Словенија минатата година имало 16.735 раѓања, што е за 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од независноста во 1991 година.
Ова е најниската стапка на наталитет во Словенија досега, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Проценетата бројка на живородени деца, вклучително и повеќекратна бременост, е околу 16.900.
Засега, податоците на Државниот институт за јавно здравје го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на раѓања во Словенија.
Со исклучок на 2021 година, бројот на раѓања опаѓа од 2010 година. Институтот го наведува намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст како главна последица од помалиот број раѓања. Истовремено, вкупниот наталитет останува релативно стабилен, иако е исто така во благ пад.
За споредба – во 1988 година во словенечките породилишта биле извршени 26.442 раѓања, според податоците на Државниот институт за јавно здравје. До 1999 година, бројката паднала на 17.310, за повторно да се зголеми на 22.002 до 2010 година. Бројот на раѓања, кој лани бил за 0,8 отсто помал во однос на претходната година, е намален во седум родилишта.
Од друга страна, бројот на раѓања најмногу се зголемил во Љубљана.
Имало 29 домашни породувања, што е за 25 помалку од 2023 година.
Свет
Судијата го одби барањето да се одложи пресудата на Трамп за случајот со Сторми Даниелс
Пресудата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот со актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс е закажана за петок, откако судијата ја одби жалбата на адвокатите на Трамп.
Судијата Хуан Меркан нареди пресудата да биде изречена во петок, нешто повеќе од една недела пред Трамп да ја преземе функцијата.
Трамп, кој би можел да стане првиот претседател во историјата на САД кој ќе влезе во Белата куќа со кривична пресуда, сепак може да побара од Апелациониот суд да го одложи изрекувањето на пресудата или да побара интервенција од друг суд.
Адвокатите на Трамп претходно посочија дека случајот може да стигне до Врховниот суд на САД.
Адвокатите му кажаа на судијата дека Трамп ќе присуствува на изрекувањето на пресудата преку видео врска.
Додека Трамп тврдеше дека за претседателскиот имунитет и за неговиот претстоен втор мандат е потребно поништување на пресудата, Меркан во својата пресуда од 3 јануари напиша дека само ако се стави крај на оваа работа ќе биде во интерес на правдата.
Трамп ќе има можност да зборува на изрекувањето на пресудата како и неговите адвокати и обвинители.
Откако ќе му биде изречена казната, може да се жали на пресудата, како што најави.
Случајот произлезе од исплата на 130.000 долари од поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.
Исплатата, според обвинението, била компензација за нејзиното молчење пред изборите во 2016 година за сексуален однос со Трамп за кој Сторми тврди дека се случил пред една деценија, што тој го негира.
Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие исплатата.
Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.
За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, но затворската казна не е задолжителна.
Свет
Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд
Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.
Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргрете, која абдицира на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.
Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.
I didn’t know you could just change heraldry like this, assumed there was some kind of archaic system, with councils and so forth. https://t.co/vrTbPcuY1h
— Gregory Brew (@gbrew24) January 7, 2025
Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, симболизирајќи ги Гренланд и Фарските Острови, пишува Гардијан.
Промената дојде во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој сè уште има автономија, но Данска ја контролира неговата надворешна и безбедносна политика.
Denmark’s king changes coat of arms with a message for Trump in his bid to buy Greenland https://t.co/TzHTTKDCFL
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) January 6, 2025
Трамп минатиот месец повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителната употреба на контрацепција во 1960-тите и 1970-тите.
Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, планира да го посети Гренланд денеска, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкаст.