Свет
Анализа на СТРАТФОР: Дилемата на Грузија
Руското министерство за надворешни работи во средата издаде соопштение со кое ја отфрла како лажна класификацијата на САД за руското воено присуство во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кое Вашингтон го нарекува „окупација“
Руското министерство за надворешни работи во средата издаде соопштение со кое ја отфрла како лажна класификацијата на САД за руското воено присуство во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кое Вашингтон го нарекува „окупација“.
Соопштението оваа класификација на САД ја нарекува неоснована, затоа што руските сили се наоѓале на териториите на Абхазија и Јужна Осетија, кои Русија ги смета за независни, а не на територијата на Грузија. Министерството истакнува и дека Москва сака нејзините партнери „да водат сметка за оваа објективна реалност при нивните јавни и практични активности“.
Терминот „окупација“ беше употребен во контекст на ситуацијата во Грузија во една публикација на Белата куќа од 24 јуни, во текот на посетата на рускиот претседател Дмитри Медведев на САД и повторно на 5 јули, кога американската државна секретарка Хилари Клинтон го посети Тбилиси.
Публикацијата на Белата куќа во која се споменува „окупацијата“ на отцепените територии на Грузија се однесува на руско – американските односи по „ресетирањето“ во 2009 година и обработува безброј области каде што САД и Русија имаат заеднички став. Односите помеѓу Вашингтон и Москва во изминатава деценија беа, во најмала рака, напнати и се чинеше дека „смената на стражата“ во Вашингтон во 2009 година стори малку за тоа да се промени. Двете страни ги ставија настрана своите разлики за да постигнат договор за многу побитни прашања. Најзабележливо е тоа што САД се понудија да и помогнат на Русија да се модернизира во замена за нејзиниот гас во Советот за безбедност на ОН за санкциите против Иран. Како и да е, неодамнешното затоплување на односите помеѓу САД и Русија е површинско и, најверојатно, привремено. Иако помеѓу Вашингтон и Москва останаа уште многу малку нерешени прашања, меѓу кои се истакнуваат СТАРТ, одбраната од балистички проектили и справувањето со бунтовите во други земји, претседателите Обама и Медведев не губеа време јавно да истакнат само една област на несогласување меѓу нив: Грузија.
Американската класификација на руското воено присуство во грузиските сецесионистички региони како „окупација“ не е од сега – терминот е во употреба во говорите и извештаите на средно ниво уште од руско – грузиската војна во 2008 година. Сепак, државната секретарка, Белата куќа и другите високи американски функционери никогаш до сега не го употребуваа овој термин. Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави дека употребата на терминот од страна на функционери на Белата куќа „претставува важен чекор напред“ во меѓународното признавање на улогата на Русија како окупатор на Грузија. Овој избор на зборови е потребниот миг кој Тбилиси го очекуваше за да се ослободи од чувството на напуштеност по руско – американскиот детант.
Како и да е, изборот на зборови е се уште дел од симболичните гестови од страна на САД. Она што на Грузија навистина и треба е модус како да се спротивстави на евентуалните идни руски потези. Ова значи дека на Грузија и треба поддршка од некоја алијанса, како што е НАТО и помош при реорганизацијата и модернизацијата на нејзината армија. За несреќа на Тбилиси, покрај подготовката на грузиските единици за служба во Ирак и во Авганистан, Вашингтон одбива да ги помине сите други линии, а особено не сега по толку тешко здобиениот детант со Москва.
Руското воено присуство во Грузија е реалност. Тбилиси воено веќе беше во милост на Москва, како што толку очигледно се покажа во текот на августовската војна во 2008 година, Москва ја одржува оваа реалност со тоа што чува најмалку една моторизирана пешадиска бригада, со силина од најмалку 1.500 војници (точните бројки не се познати) и во двете сепаратистички енклави, Абхазија и Јужна Осетија. Руските сили се наоѓаат на домет на главното грузиско пристаниште Поти, на престолнината Тбилиси и на критичната исток – запад комуникациска инфраструктура, која го поврзува Тбилиси со брегот. Ако се земе предвид дофатот на руските трупи и фактот дека грузиската територија е припоена кон руската, Грузија има многу мала над дека ќе успее да постигне нешто сама при обидот да спречи евентуален руски напад. На Грузија, едноставно, и недостасуваат и човечки и економски ресурси.
Но, ова не значи дека Грузија има намера да си седи мадро. Тбилиси знае дека вистинската безбедност може да дојде само со цврста посветеност кон членството во НАТО, а исто така знае и дека ова во моментов е политички нереално. Грузија гледа во Полска пример за тоа какви потези треба да влече за да се оттргне од советската ера и се труди колку што е можно повеќе да ги исполни одредбите од Акцискиот план за членство во НАТО, дури и9 без целосна поддршка од Алијансата или краткорочни изгледи за членство, во надеж дека политичките околности ќе се променат во иднина. Тбилиси се обидува да го употреби времето до тогаш за да ги намали можностите за приговори за нивните амбиции за членство врз техничка основа и да се осигури дека, ако дојде времето, ќе биде во можност да процесот за зачленување да го истера колку што е можно побргу и поглатко. Но, Грузија истовремено сака да ги подобри своите одбранбени капацитети. Иако не може да сопре организиран руски напад, сигурно може да биде многу повитална и подготвена за таквата евентуалност и да се обиде секоја агресивна акција на Москва да ја направи што е можно поскапа. Со други зборови, иако работењето на усогласување со принципите и барањата на НАТО е многу важно, примарната цел на Тбилиси е обезбедување на подобра одбрана на својата територија.
За оваа цел, Тбилиси до сега идентификуваше три клучни приоритети. Првиот е земјен радар со капацитет да набљудува преку хоризонтот, со што ќе добие подобро рано предупредување за руски воздушен напад. Но оддалеченоста е толку мала, што додека се детектира нападот, може да биде премногу доцна за издржана реакција. И иако Русите, наводно, имале слаби успеси при супресијата на противвоздушната одбрана во 2008 година, Грузија има многу ограничени одбранбени можности земја – воздух и ниту еден ефективен супериорен борбен авион. Мобилна противвоздушна одбрана со краток дострел исто така би била многу корисна за оваа земја.
Вториот приоритет се модерни противтенковски проектили и темелна обука за нивна употреба на истурени одбранбени позиции. Ако се постават како што треба во планинските региони на Грузија, овие проектили би можеле да се употребат за да се забави напредувањето на руските единици и да се води погерилски вид на одбрана, ако прекинот на огнот и странската интервенција се покажат како неефективни.
Третиот приоритет е многу поширок. Тој предвидува поправка на патиштата и физичката инфраструктура на југ од планинскиот венец Триалети, за во случај на избивање на непријателствата да се обезбедат алтернативни линии на комуникации северно од планините, бидејќи руските сили во Јужна Осетија најверојатно веднаш би го заземале коридорот исток – запад (железница, патишта, струја, енергенси). Овие планини не го попречуваат руското напредување кон границата со Ерменија (Русија чува уште 3.000 војници на територијата на Ерменија), кое би ја парализирало целата земја, но тоа е многу пообемен потфат, отколку едноставното заземање на инфраструктурата околу Гори,на само 30 километри од Цинвали, престолнината на Јужна Осетија.
Згора на тоа, Грузија мора да се грижи и за стратешки и за борбени комуникации. Исто како и физичката поврзаност со брегот, Тбилиси мора да ја подобри поврзаноста преку оптички влакна , за Русите да не можат да го попречи Тбилиси да бара помош од светот за прекин на каков и да е конфликт со Русија. Исто така, Тбилиси и грузиската армија мора да обезбедат адекватен хардвер и да осмислат решенија за да може грузиската влада да комуницира со својата армија, а армијата да може да комуницира внатре со своите единици во случај државата да биде поделена на два дела. Ова би требало да вклучува цел спектар на комуникациска опрема. Но останува основниот проблем: Москва е во состојба да ги открива и прекине оптичките комуникациски системи, па дури и шифрираната радио – комуникација на бојното поле може да биде попречена.
Проблемите тука не завршуваат. Грузија мора од некаде да ја набави таа опрема. Нејзините четири традиционални добавувачи: Казахстан, Украина, Израел и Чешката република, се под страшен притисок на Русија да престанат да и продаваат воена опрема на Грузија и сите четири држави до сега попуштија под притисокот. За сите овие земји, малите суми на пари кои ќе ги добиеја од Грузија не можеа да надоместат за ризикот од предизвикувањето на рускиот бес.
Логичниот партнер на кого би требало да му се обрати се САД, но, како што беше изјавено во текот на посетата на Медведев на Вашингтон и посетата на Клинтон на Грузија, Американците и натаму немаат волја да прифатат поголеми зделки за продажба на воен хардвер на Грузија кои би ја налутиле Москва. Друга модерна опрема не само што би можела да излезе многу поскапа, туку би била и покомплицирана и потешка за одржување отколку што посакува Тбилиси. Акутно свесна за можноста повторно да биде оставена на цедило на сред конфликт, Грузија не сака да стане зависна од опрема која нема да може да ја користи и одржува независно од други држави.
Целите и приоритетите на Грузија за подобрување на нејзиниот одбранбен капацитет се јасни, но останува нејасно дали Грузијците ќе бидат во можност да ги остварат овие приоритети подобро отколку нивните неуспешни амбиции за членство во НАТО. Геополитичките предизвици кои се исправени пред Тбилиси се вџашувачки и без оглед на тоа дали САД руското воено присуство во грузиските сецесионистички региони Абхазија и Јужна Осетија го нарекува „окупација“ , сега не е време Тбилиси да очекува којзнае каква помош од Вашингтон. /крај/ сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

