Свет
Руска подморница може да го запре истекувањето на нафтата
Руска специјална подморница би можела да го запре истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив, која неконтролирано истекува во морето по експлозијата и потонувањето на платформата „Дипвотер Хоризонт“.
Руска специјална подморница би можела да го запре истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив, која неконтролирано истекува во морето по експлозијата и потонувањето на платформата „Дипвотер Хоризонт“.
Подморницата што може да се спушти на длабочина до 6.000 метри врши истражувања на дното на Бајкалското езеро во јужниот дел на Сибир, пишува Би Би Си.
Капетанот на подморницата Евгениј Шемјаев вели дека сè уште има време да му се помогне на „Бритиш петролеум“ во санирањето на катастрофата.
Подморницата во моментот во најдлабокото езеро на светот бара гасни хидрати, кои се потенцијални алтернативни извори на енергија.
„Бритиш петролеум“ тврди дека дневно собира околу 10.000 барели нафта со помош на уред што ја води нафтата до бродовите на површината, но и покрај тоа, илјадници барели истекуваат во заливот.
Американската администрација овој случај го прогласи за најголема катастрофа во историјата на државата.
Шемјаев тврди дека руските екипи се подготвени да дојдат на лице место и да помогнат. Според него, ваквите подморници најверојатно се единствен начин за запирање на катастрофата, но за да се помогне, потребно е американската влада да побара помош од Русија.
Тој додава дека овие подморници се исклучително издржливи и работеле во многу потешки услови, како што е Арктикот. /крај/ббц/сараево х.ком/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“
Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет и мобилните мрежи, јавуваат медиумите.
На новите протести, кои започнаа доцна синоќа во северниот дел на Техеран, демонстрантите извикувале: „Смрт за ајатолахот Али Хамнеи“ и „Да живее шахот“, а запалиле и една џамија.
Според американската организација „Активисти за човекови права“, утрово повеќе од 570 протести се одржале во сите 31 ирански провинции.
Здравствените работници во три болници во Иран велат дека нивните болници се преплавени со повредени и мртви од големите антивладини протести, објави Би-Би-Си. Според проценките на организациите за човекови права, најмалку 116 лица биле убиени во последните две недели.
Доктор во болница во Техеран опишал „ужасни сцени“, наведувајќи дека имало толку многу повредени што персоналот немал време да се справи со нив:
„Околу 38 луѓе починаа. Многумина дури и не стигнаа до болница. Бројот беше толку голем што немаше доволно место во мртовечницата. Телата беа едно врз друго. Откако мртовечницата се наполни, тие беа наредени едно врз друго во просторијата за молитва“, изјавил тој.
Според здравствениот работник, меѓу загинатите и повредените биле најмногу млади луѓе, на возраст од 20 до 25 години, а болниците морале да ги одложат сите неитни приеми и операции, за да можат да се грижат само за повредените од протестите.
Иранската полиција тврди дека никој не загинал во Техеран во петокот навечер, иако 26 згради биле запалени и предизвикале голема материјална штета.
Државната телевизија на Иран известува за жртви меѓу припадниците на безбедносните сили, додека демонстрантите сѐ почесто ги нарекува „терористи“.
САД повторија дека убиството на демонстранти може да предизвика воена интервенција, а Иран ги обвинува САД дека мирните протести ги претвориле во „насилни субверзивни акции и вандализам“.
Протестите започнаа на 28 декември поради падот на иранската валута и економските тешкотии.
Свет
„Добро сме, ние сме борци“ – порачал Мадуро од затворот во САД
Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелански претседател Николас Мадуро, изјави дека неговиот татко од затворската ќелија во САД порачал дека тој и неговата сопруга Силија Флорес се „добро“ и дека се „борци“.
„Добро сме. Ние сме борци. Не бидете тажни“, пренел Николас Мадуро Гера на видео-снимка објавена од владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, наведувајќи дека тоа му го пренеле адвокатите на Мадуро, објави „Фигаро“.
Двајцата беа уапсени на 3 јануари во воена операција на американските специјални сили и се наоѓаат во притворска единица во Њујорк. На судењето што започна на 5 јануари, двајцата се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за учество во нелегална трговија со дрога и оружје.
Времената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, порача дека „не ќе се смири додека не го вратат претседателот“ и дека ќе го „спаси“.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека го „откажал“ новиот напад врз Венецуела поради „соработката“ на Каракас, додека Вашингтон најави дека ќе „диктира“ одлуки, а Венецуела возврати дека не е „подредена ниту покорна“ на САД.
Американскиот Стејт департмент ги повика граѓаните на САД да не патуваат во Венецуела и оние што веќе се таму да ја „напуштат земјата“ поради нестабилната безбедносна ситуација и присуството на вооружени милиции, познати како „колективос“.
Свет
Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал
Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на американски претставници.
„Официјални лица од администрацијата на Трамп водеа прелиминарни разговори за тоа како би се извршил напад врз Иран доколку биде потребно… вклучувајќи ги и објектите кои би можеле да бидат цели“, пишува медиумот.
Една од опциите што се разгледува е серија воздушни напади од големи размери врз повеќе воени цели во Иран.
Истовремено, изворите за медиумот рекле дека разговорите биле во рамките на стандардното планирање и дека не постоеле знаци дека нападите навистина ќе се извршат.
Официјалните лица исто така напоменале дека не е распореден воен персонал или опрема како подготовка за нападот.
Тие потенцирале дека во САД сѐ уште не постои консензус за можни напади врз Иран.
Претходно, Трамп ги предупреди иранските власти за последиците доколку бидат убиени демонстранти.
Во саботата, американскиот претседател изјави дека САД се подготвени да „помогнат“ на Иран.

