Свет
Анализа на СТРАТФОР: Зошто се разменуваат шпионите?
Сите поголеми глобални медиумски куќи Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и ИТАР-Тас, на 8 јули најавија размена на шпиони помеѓу САД и Русија, во која би биле вклучени и некои од 11-те осомничени руски агенти кои беа уапсени на 27 и 29 јуни.
Сите поголеми глобални медиумски куќи Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и ИТАР-Тас, на 8 јули најавија размена на шпиони помеѓу САД и Русија, во која би биле вклучени и некои од 11-те осомничени руски агенти кои беа уапсени на 27 и 29 јуни. Ниту една од владите не ја потврди размената, што самото по себе води кон нови прашања.Гласините за размената започнаа кога адвокатите на затворените во Русија ја навестија таа можност. Адвокатот и семејството на Игор Сутјагин, руски истражувач за разоружување обвинет за шпионирање во 2004 година, на 7 јули почнаа да најавуваат дека е нареден некаков вид на размена и дека Игор бил префрлен во Виена. Анонимни извори во медиумите почнаа да шпекулираат дека уште тројца Руси, кој се затворени во Русија поради шпионирање, биле земени предвид за размената: Сергеј Скрипал, поранешен полковник во рускиот Директорат за воено разузнавање, Александар Сипачев, поранешен полковник во руската служба за странско разузнавање (СВР) и Александар Запорожски, уште еден поранешен полковник на СВР. Сите се обвинети за шпионирање во корист на ЦИА. Ништо од ова не беше потврдено ниту од Вашингтон, ниту од Москва и отпрвин се чинеше дека сета работа е само претерување од страна на адвокатите на затворениците. Сепак, Сутјагин наводно бил префрлен во Виена, а американските судови набрзина ги префрлија десетте осомничени руски агенти во суд во Њујорк за да се појават првичното сослушување. Медиумите го цитираат адвокатот на осомничената руска шпионка Ана Чапман, кој изјавил дека Ана ќе се изјасни како виновна и веднаш ќе биде депортирана, под претпоставка во замена за оние кои се затворени во Русија. Непосредно пред почетокот на сослушувањето, еден од обвинителите ги потврди шпекулациите дека сите десетмина ќе се изјаснат како виновни. Се навестува дека многу повеќе наводни шпиони ќе бидат вклучен во размената, но останува нејасно кој ќе биде испратен во Русија и како. Деветмина од осомничените (сите освен Вики Пелаез) се родени во Русија и повеќето од нив имаат деца во САД. Размената на шпиони помеѓу Русија и САД не е ништо ново. Можеби најпрочуена размена беше онаа на полковникот во руското разузнавање, Рудолф Абел (вистинското име му беше Вилијам Фишер), за пилотот на американското шпионско летало „У-2“, Гери Пуерс во 1962 година. Последната позната размена се случи во 1986 година, кога американскиот новинар и обвинети шпион Николас Данилоф беше заменет за рускиот дипломат и обвинет шпион Генадиј Захаров. Ова, исто така, ќе биде прва јавна размена по речиси 25 години, но и најбрзата: осомничените Руси во притвор се наоѓаат само 11 дена. Овие размени обично се случуваат откако и двете страни повеќе немаат разузнавачка корист од оние кои ги држат во заробеништво. Обвинетите американски агенти се во затвор повеќе од пет години или повеќе и најверојатно биле темелно испрашани, за да можат Русите темелно да ја сфатат нивната разузнавачка вредност за САД, како и нивните тактики и професионална вокација. Многу е тешко Американците да го спровеле сето ова со десетмината уапсени за толку кратко време. Најпопуларната теорија за брзината на оваа размена е дека со тоа се прави обид да се одржат затоплените односи помеѓу двете земји, пред се бидејќи Русија сега се потпира на американската помош при нејзиниот обид за модернизација на економијата. Не претставува изненадување ниту за една од владите (иако Русите беа изненадени од апсењата) тоа што и шпионите во Русија и оние во Америка се свесни за ризикот од тоа да бидат фатени. Ако се земе предвид дека Белата куќа не крена голема врева околу случајов, а апсењата му годат на гордиот руски народ, тогаш навистина не постои дипломатско оправдување за ургентноста.Разузнавачките операции се одвиваат независно од односите помеѓу државите. Вистинското прашање е што се случува зад сцената при ваквите разузнавачки и контраразузнавачки операции. Многумина од осомничените Руси не биле дел од ист окружок, како што известуваат медиумите, па така апсењето на неколкумина од нив со цел да бидат вратени во Русија не значи дека требало сите да бидат уапсени. Сепак, апсењата од висок профил честопати ги плашат другите шпиони и потенцијално водат кој избрзани акции или комуникација со нивните претпоставени. Ако руските агенти бргу бидат ослободени, тогаш целата акција најверојатно била тресење на дрвото за да испадне нешто друго. Тоа би можело да биде се, од откривање на други разузнавачки операции во САД, до спречување разузнавачките информации собрани од Русите да бидат испратени во Москва., одговор на некој шпионски настан во Русија (како на пример затскриено апсење на некој американски шпион), или здобивање со предност при некоја друга истрага.Ослободувањето на некој од десетте Руси ќе значи дека ФБИ ги собрал сите разузнавачки информации за кои мисли дека му се потребни или може да ги добие, затоа што има поврзани случаи кои тие се уште не сакаат да бидат откриени преку јавното судско сослушување. /крај/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рејтингот на Трамп достигна ново најниско ниво
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот втор мандат, покажува нова анкета.
Според анкета спроведена од The Washington Post, ABC News и Ipsos, 60 проценти од возрасните Американци не го одобруваат работењето на претседателот, додека 39 проценти го поддржуваат.
Истражувачите велат дека рејтингот на неодобрување од 60 проценти е највисок од нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, на крајот од неговиот прв мандат. Како што истакнуваат, ова е најниското ниво на поддршка во тековниот дел од неговиот втор мандат.
Рејтингот на претседателот би можел да игра клучна улога на претстојните среднорочни избори, на кои ќе се изберат претставници и сенатори во клучните федерални држави. Исходот би можел да го промени балансот на моќта во Вашингтон, бидејќи Републиканската партија се стреми да одржи тесно мнозинство во двата дома на Конгресот. Иако Трамп нема да биде директно на гласачкото ливче, изборите се сметаат за еден вид референдум за неговите перформанси.
Анкетата беше спроведена од 12 до 17 февруари меѓу 2.589 возрасни лица, со маргина на грешка од ±2 процентни поени.
Статистичарот и политички аналитичар Нејт Силвер минатата недела објави на својот блог „Силвер билтен“ дека рејтингот на одобрување на Трамп паднал на нето минус 15 поени, со 40,5 проценти одобрување и 55,5 проценти неодобрување, што исто така го означува најниското ниво од неговиот втор мандат. До недела, тој резултат малку се подобри на минус 13,6 поени.
Во исто време, анкетата од 5 до 8 февруари спроведена од Асошиејтед Прес и NORC на Универзитетот во Чикаго покажа дека Трамп има 36 проценти одобрување и 62 проценти неодобрување, нето минус 26 поени, што е изедначување на неговиот најнизок резултат во ноември со истиот анкетар.
фото/Depositphotos
Свет
Поранешен шеф на ДЕА: За фаќањето на Ел Менчо заслужно е Мексико, а не Трамп и Америка
Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја преземат заслугата за вчерашната операција предводена од мексиканските сили, изјави поранешниот шеф на Агенцијата за борба против дрога на САД.
Синоќа насилството се прошири низ Мексико откако еден од најбараните мексикански нарко-босови, Ел Менчо, беше убиен во акција.
Во разговор за канадската CBC News, поранешниот висок функционер на Администрацијата за борба против дрога (ДЕА), Мајк Вигил, рече дека операцијата е спроведена со поддршка на американското разузнавање, но дека тоа не е победа што Вашингтон би можел да ја прогласи.
„Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ја преземе заслугата за оваа операција, која е 100 проценти дело на Мексико… и тие ја заслужуваат целата заслуга“, рече Вигил.
Трамп претходно на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Мексико мора „да ги зголеми напорите против картелите и дрогата“.
Вигил, исто така, оцени дека ликвидацијата на водачот на картелот Немесио Осегуеро Сервантес, познат како „Ел Менчо“, ќе предизвика психолошки превирања во неговата организација, бидејќи членовите го сметале за „непобедлив“.
фото/ЕПА
Свет
Повеќе од илјада луѓе заробени во зоолошка градина во Мексико, меѓу нив има и деца
Повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи деца, беа заробени преку ноќ во зоолошка градина во Гвадалахара и беа принудени да ја поминат ноќта во автобуси поради насилството во областа.
За потсетување, насилството се прошири низ Мексико синоќа откако еден од најбараните нарко-босови во Мексико, Ел Менчо, беше убиен.
Повеќе од 50 луѓе беа убиени во последователните судири меѓу картелите и државните сили, а улиците на градовите на западот од земјата се празни.
Директорот на зоолошката градина, Луис Сото Рендон, рече дека некои семејства од држави како Закатекас и Мичоакан биле блокирани речиси 24 часа.
„Одлучивме да им дозволиме на луѓето да останат во зоолошката градина за нивна безбедност“, рече Сото. „Меѓу нив има мали деца и постари лица.“
Сепак, утрово, мајки со мали деца беа видени како излегуваат од автобуси, додека полициски возила ја обезбедуваа областа околу зоолошката градина.
фото/ЕПА

